Прва македонска библиотека во Словенија

Агенцијата за иселеништво со задоволство го најавува отворањето на првата македонска библиотека во Словенија, кое ќе се одржи на 29 ноември во 18:00 часот на адресата Сејмишче 3, 4000 Крањ.

Овој културен настан претставува важен чекор во зачувувањето на македонската култура и јазик во дијаспората. Библиотеката ќе биде простор за сите љубители на македонската литература, култура и традиција.

Сите пријатели и поддржувачи се поканети да присуствуваат и заедно да го одбележат ова значајно отворање.