Connect with us

Црна Хроника

Телефон пронајден во ќелијата на Нехат Нухи – Обвинет за „Онкологија“

При рочиштето за случајот „Онкологија“, обвинителството соопшти дека при претрес во затворската ќелија на поранешниот економски директор на клиниката, Нехат Нухи, бил пронајден мобилен телефон. Двајцата обвинети во случајот – поранешните директори Виктор Васев и Нухи – остануваат во притвор.

Нухи во судницата тврдеше дека телефонот не му припаѓа и дека го нашол во ќелијата.

„Телефонот не е мој, го најдов таму. Го користев само за апликации, затоа што како човек имам потреба од контакт со семејството,“ изјави обвинетиот, додавајќи дека полицијата се однесувала недостојно за време на претресот.

Судењето продолжи со сведочење на вработена задолжена за финансиското и шалтерското работење на клиниката. Таа посочи дека Нухи ѝ ја одзел надлежноста за подготовка на налози кон добавувачите, а дека поранешниот директор Васев не побарал дополнителни средства од Фондот за здравствено осигурување, што резултирало со сериозни долгови.

Одбраната возврати дека сведокот има конфликт на интереси, бидејќи нејзиниот сопруг бил вработен во веледрогерија, како и дека била незадоволна од прераспоредување на работното место. Според адвокатот Боби Спирковски, нејзините искази биле „субјективни и мотивирани од лични емоции“.

Обвинението ги товари Васев и Нухи дека со незаконски набавки и присвојување лекови ја оштетиле државата за околу 36 милиони евра.

Advertisement

Црна Хроника

Лажел дека е туристички агент и украл 6.080 евра

Кривична пријава за измама поднел СВР Куманово против Е.Б.(33) од Куманово.

Како што соопшти полицијата, тој се претставил како вработен во туристичка агенција во Куманово и на измама од едно лице, за резервација за летување за две семејства во Турција, зел 373 890 денари (6.080 евра), соопшти СВР Куманово.

Continue Reading

Црна Хроника

Кривична за багеристот што го остави Тетово без струја

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А. (44) од с. Боговиње, како и против Ф.А. (45) од с. Боговиње, управител на правен субјект, товарејќи ги за сторено кривично дело „уништување или оштетување на јавни инсталации“.

На 29 септември, првопријавениот во дворот од Клиничка болница Тетово, додека работел со багер во сопственост на правното лице, оштетил електрични кабли за струја, по што, голем дел од градот Тетово останал без електрична енергија.

Continue Reading

Црна Хроника

Интервентната полиција приведе тежок криминалец – МВР со детали

Лишено од слобода лице барано со потерница за издржување казна затвор

Денеска (18.12.2025) во 16:30 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по издадена судска наредба го лишија од слобода Е.Т. (26) од Скопје во врска со сторено кривично дело “Тешка кражба” за издржување на казна затвор во времетраење од три години.

По целосно документирање на случајот лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг