Државниот завод за статистика бележи негативен тренд во третото тримесечие од годинава: бројот на склучени бракови опаѓа, додека разводите растат.
Во овој период биле склучени 3.514 бракови, што е 2,8% помалку во споредба со истиот квартал од 2024 година.
Истовремено, регистрирани се 470 разводи, што претставува значително зголемување од 27,7% во однос на минатата година.
