Connect with us

Македонија

Јанкуловска со остра реплика до СДСМ: ‘Според вашата реакција, изгледа предметите навистина се суделе во вашиот штаб’

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, упати силна реакција на соопштението на СДСМ, во кое партијата ја обвини дека се обидува да се претстави како жртва и ја доведе нејзината жалба до Европскиот суд за човекови права во контекст на „потсвесна врска со процесите против нацистите“.

Јанкуловска возврати дека нема причина СДСМ да се чувствува засегнат од нејзината апликација до ЕСЧП, „освен ако предметите навистина не се суделе кај нив во штаб“.

„Зошто СДСМ би се нашле засегнати и повикани за коментар за апликација пред ЕСЧП во која се бара да се утврди повреда на Правото на правично судење која ја сторила некоја ‘независна’ судијка во некој предмет што се водел пред Кривичниот суд, небаре предметот се судел кај нив во штаб? Ама според реакцијава, изгледа сепак таму се судел“, напиша Јанкулоска.

Од СДСМ, пак, во својата реакција потенцираат дека одлуката на Европскиот суд да ја прифати апликацијата е чисто формален процесен чекор и не претставува никаква оценка на суштината на случајот. Порачуваат дека во оваа фаза судот проверува само дали се исполнети процесните предуслови – исцрпени правни лекови, навремено поднесена жалба, статус на жртва и усогласеност со Конвенцијата.

„Тоа е стандардна процедура според член 35 од Европската конвенција“, велат од партијата, додавајќи дека не е ниту етички ниту правно коректно да се коментира материјалната суштина додека судот не започне со анализа.

Оваа полемика следи по официјалната информација дека Европскиот суд за човекови права ја прифатил апликацијата на Јанкуловска за наводно повредено право на правично судење, поврзана со случајот „Тенк“, за кој таа во целост ја одработи затворската казна.

Advertisement

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Министерката Божиновска не поседува бугарски пасош, тоа е лага од кујната на СДС

СДС се загубени во времето и сигурно по зборовите на Заев си го бараат семето, па наместо да бидат вистинска опозиција решија да бидат жолта штампа, со лаги и невистини, за кратки сензации.

Министерката Сања Божиновска не поседува бугарски пасош, тоа е лага од кујната на СДС, која мислат дека ако илјада пати ја повторат некој ќе поверува.

Жално е како СДС се претвори во таблоид партија, каде редовен фолклор се црвени наслови по примерот на нивните белградски ментори.

Очигледно нема дно кое СДС не може да го пробие, па само ја срамат некогаш големата партија.

Дали Филипче има контрола и гледа што пишуваат, или сам дал дозвола да го носат кон дното не знаеме, ниту не интересира, но факт е дека не му мислат добро.

ВМРО-ДПМНЕ

Continue Reading

Македонија

Животот е пред возилото: Новогодишна кампања против возење под дејство на алкохол

volan

Со новогодишните и божиќните прослави на прагот, патиштата се полнат со возила, а сообраќајот станува сè поинтензивен. Но, зад блескавите светла и веселите дружби, се крие сериозен ризик – управувањето на возило под дејство на алкохол.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата предупредува: алкохолот ја нарушува концентрацијата, го забавува времето на реакција и го ослабнува умот за правилна проценка на опасностите. Секое возење под дејство на алкохол не е само прекршок – тоа е директна закана за животот на возачите, патниците и сите учесници во сообраќајот. Последиците, велат од Советот, често се трајни и ненадоместливи.

Апелот е јасен: не седнувајте зад воланот ако сте консумирале алкохол. Планирајте безбедна алтернатива – јавен превоз, такси или пријател кој ќе ве однесе дома. Почитувајте ги правилата, ограничувањата на брзината и сообраќајната сигнализација, користете заштитна опрема, и покажете особена внимателност кон ранливите учесници во сообраќајот.

Советот потенцира дека безбедноста на патиштата е заедничка одговорност. Со одговорно однесување, празничните денови можат да бидат исполнети со радост и среќа – а не со трагични последици кои ја менуваат иднината на цело семејство.

Continue Reading

Македонија

Паркингот на Клинички ќе стане државен, здравството добива 100 нови амбулантни возила

ambulanta

На вчерашната седница, Владата донесе важни одлуки кои значително ќе го подобрат здравствениот систем и инфраструктурата во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Земјиштето на паркингот ќе премине во државна сопственост, со што се отстрануваат административните пречки за модернизација и зголемување на капацитетот за паркирање.

„Со новиот статус на паркингот ќе можеме да воведеме целосен мониторинг, информативни табли и дигитален водич кој ќе ги насочува граѓаните. Нашата цел е пациентите и вработените да имаат функционален, безбеден и организиран пристап до комплексот клиники“, истакна министерот за здравство Азир Алиу.

Покрај тоа, Владата обезбеди средства за набавка на 100 нови амбулантни возила со медицинска опрема, со вкупна вредност од 461,25 милиони денари, со план за реализирање во следните четири години. Овие возила ќе ја зголемат ефикасноста на итната медицинска помош, обезбедувајќи побрз транспорт на пациенти и подобрена покриеност во урбаните и руралните средини.

Со овие чекори, државата се стреми кон модернизиран здравствен систем и функционална инфраструктура, кои ќе го олеснат секојдневието на пациентите и ќе ја зголемат безбедноста на медицинскиот персонал.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг