Connect with us

Економија

Airbus издаде итно предупредување за над 6.000 авиони: Веднаш запрете ги летовите

Европскиот производител на авиони, Airbus, издаде итно предупредување и наложи ажурирање на софтверот на повеќе од 6.000 свои авиони, откако е утврдено дека интензивното сончево зрачење може да го наруши клучниот систем за контрола на летот. Компаниите кои го користат спорниот софтвер добија препорака веднаш привремено да ги прекинат летовите на овие авиони.

Се работи за околу половина од вкупната флота на Airbus во светот. За поголемиот дел од авионите, надградбата на софтверот може да се изврши во рок од неколку часа, додека околу илјада авиони ќе бараат замена на компјутерските модули, што може да трае и недели, изјави извор за AFP.

Проблемот се однесува на теснокорпусните модели A320, A318, A319 и A321, при што A320 е најпродаваниот комерцијален авион во светот.

Софтверската грешка беше откриена по инцидентот на летот на JetBlue на 30 октомври, кога Airbus A320 во САД мораше итно да слета на Флорида поради ненадеен пад на висината. Во тој инцидент, најмалку 15 патници беа повредени. Анализата покажа дека сончевото зрачење може привремено да го наруши сигналот потребен за контрола на летот.

„Airbus е свесен дека овие препораки ќе предизвикаат нарушувања за патниците и клиентите. Се извинуваме за непријатностите и блиско ќе соработуваме со авиокомпаниите, при што безбедноста останува нашиот апсолутен приоритет“, соопшти компанијата.

Работите за отстранување на проблемот се веќе во тек, а авиокомпаниите ширум светот се подготвуваат за краткорочни промени во плановите за летови.

Advertisement

Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09% во однос на одлуката од 12.12.2025 година. Поевтинуваат горивата од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат. Поевтинуваат горивата за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,248 ден/кг и сега ќе изнесува 32,635 ден/кг.

Од 16.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм)

Continue Reading

Економија

Скопје добива авиолинии до Прага и Келн

Од Меѓународниот аеродром Скопје вечер во 19:25 ќе биде обновена линијата на Виз ер до Келн со четири лета неделно – секој понеделник, среда, петок и недела.

Оваа авиолинија е порака дека Македонија ги отвора вратите кон Европа и ја зацврстува поврзаноста со еден од најдинамичните региони, рече министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на прес-конференција на скопскиот аеродром.

Таа нагласи дека секоја нова дестинација што им ја отвораме на граѓаните е нова можност – за подобра економска соработка, повеќе туристи, побрз развој на бизнисот и нови партнерства.

Тоа е и можност за поголема видливост на Македонија и посилно вклучување во европските економски и технолошки текови, додаде Божиновска, истакнувајќи дека на нејзина иницијатива повторно се воспоставува авиолинијата Скопје – Прага, која беше во функција од 2005 до 2012 година.

Неџат Курт, генерален директор на Виз ер, нагласи дека отворањето на рутата создава нови можности за патниците и поврзување на двата града, како и економска соработка, туризам, културни разменувања и развој на деловни врски.

Среќен сум што директната линија ќе ја направи Прага подостапна за македонските граѓани и компании и ќе им овозможи на чешките туристи и инвеститори полесно да ја откријат Македонија, рече Курт.

Андраш Радо, директор за комуникации во Виз ер, соопшти дека цената на билетот за летот Скопје – Прага во еден правец за јануари е 21 евро.

Посветени сме да имаме ниски цени и не се предвидуваат корекции, додаде Радо.

Според Курт, следната година се очекува раст од 20 проценти на авиосообраќајот од македонските аеродроми, со над 3,5 милиони патници.

Continue Reading

Економија

МБИ10 со пад од 0,41%, без активности на обврзничкиот пазар

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

На трговската сесија од 15 декември 2025 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,41%, спуштајќи се на 10.148,60 поени, додека индексот ОМБ остана непроменет на 129,44 поени. Вкупниот дневен промет изнесуваше 19,84 милиони денари, при што најголем дел од активноста беше концентриран околу акциите на Комерцијална банка и НЛБ Банка, кои придонесоа за повеќе од половина од вкупниот промет .

Најтргувани хартии од вредност

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 11.456.050 денари

● НЛБ Банка АД Скопје (NLB) – 4.455.110 денари

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 2.015.680 денари

Топ добитници

● Стопанска банка АД Битола (STBB) +11,71%

● ВВ Тиквеш АД Кавадарци (VVTK) +20,00%

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) +0,07%

Топ губитници

● Алкалоид АД Скопје (ALK) –1,19%

● Реплек АД Скопје (RPK) –0,93%

● Макстил АД Скопје (MST) –2,29%

Обврзнички пазар

Во текот на денот не беа реализирани трансакции со државни или корпоративни обврзници. Индексот ОМБ остана стабилен на ниво од 129,44 поени, без промени во цените на обврзниците. Берзанската сесија на 15 декември 2025 година беше релативно мирна, со намалена ликвидност и ограничени ценовни промени. МБИ10 забележа пад од 0,41%, под влијание на негативните движења кај Алкалоид и НЛБ Банка, и покрај позитивното затворање на Комерцијална банка. Обврзничкиот пазар остана неактивен, а вкупниот дневен промет достигна 19,84 милиони денари, што ја одразува умерената инвеститорска активност на почетокот на неделата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг