Connect with us

Црна Хроника

Масовно апсење во Скопје – МВР со детали

На 30.11./01.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 23-годишната Н.К., П.Ѓ.(25), М.З.(46), М.М.(21), Т.Т.(38), А.Н.(36) и Г.Т.(44), сите од Скопје и К.А.Б.(20) од Р.Турција, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Advertisement

Црна Хроника

Скопјанка нападна полицајци при службена интервенција

На 04.12.2025 околу 21:55 часот, полициски службеници од СВР Скопје интервенирале на подрачјето на Ѓорче Петров, каде што биле принудени да приведат 43-годишната А.Р. од село Мршевци, скопско.

Жената се однесувала агресивно кон полициските службеници за време на службените дејствија. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Continue Reading

Црна Хроника

ВИДЕО Сообраќајка на автопатот Куманово-Скопје

Вечерва на автопатот Куманово–Скопје кај Стајковци се случила тешка сообраќајна несреќа. Засега нема официјални информации дали има повредени или жртви, а според првичните фотографии од местото на настанот може да се забележи значителна материјална штета.

Според очевидци, во несреќата учествувало патничко возило „Мерцедес“, кое по силниот удар завршило со сериозно оштетен преден дел. Полицијата е на терен и врши увид, по што ќе бидат познати повеќе детали за причините што довеле до несреќата.

Видеото може да го погледнете на 4news.mk

Continue Reading

Црна Хроника

Полицијата во Тетово со засилени сообраќајни контроли

На 04.12.2025 во периодот од 11:30 часот до 15:00 часот, полициски службеници од Полициската станица Тетово, Отсекот за криминалистичка полиција, Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово спроведоа активности за подобрување на јавната безбедност на подрачјето на СВР Тетово, за контрола на возачи и возила кои вршат јавен превоз на ученици и пронаоѓање  на предмети и недозволени средства кои потекнуваат или се наменети за вршење на кривични дела. Притоа, во 12:50 часот на улица „Илинденска“ е сопрено патничко возило „фолксваген транспортер“ со тетовски регистарски таблички, управувано од Д.С.(47) од с.Бродец тетовско, и констатирано е дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган. Додека, во 13:10 часот на ул.„Илинденска“, при преглед кај А.С.(30) од с.Нераште, тетовско, биле пронајдени и одземени дрвен предмет и нож. По документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг