Connect with us

Црна Хроника

Пиштол репетиран во семеен конфликт: пет лица пријавени

СВР Скопје поднесе кривични пријави против пет лица од Скопје поради насилен инцидент што се случил на 25 октомври 2025 година во селото Средно Коњари. Според полицијата, групата физички нападнала жител на селото и неговиот малолетен внук, при што бил употребен тврд предмет, а еден од напаѓачите репетирал пиштол кон возрасниот оштетен.

Против И.Ќ. (54) е поднесена пријава за кривичните дела „насилство“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, бидејќи токму тој го насочил и репетирал оружјето.

А.Ќ. (26), А.Ќ. (28) и Е.Ќ. (62) се пријавени за сторено кривично дело „насилство“, додека А.Ќ. (71) се товари за „насилство врз дете“, бидејќи во нападот бил инволвиран и малолетник.

Полицијата го документирала случајот и пријавите се проследени до надлежното обвинителство за понатамошна постапка.

Advertisement

Црна Хроника

Трагична сообраќајна несреќа во Турција: Седум загинати, 11 повредени

Седум лица загинаа, а 11 се повредени во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тарсус-Адана-Газијантеп во турскиот град Османије. Несреќата се случила во населбата Бахче кога патнички автобус, кој сообраќал од Измир кон Газијантеп, удрил во задниот дел од камион кој застанал на патот поради пукната гума, извести Анадолија.

Автобусот го управувал А. А. (42), додека камионот го возел Х. К. (52). Полицијата и службите за итна помош се на терен, а повредените се префрлени во локалните болници за укажување на медицинска помош.

Continue Reading

Црна Хроника

Трагедија во Србија: Пронајдени три безживотни тела – полицијата на терен

Во утринските часови во семејна куќа во Чачак беа пронајдени телата на маж на возраст од 47 години и неговите родители, околу 75 години, пренесуваат српските медиуми.

Полицијата и екипата на брзата помош потврдиле дека станува збор за насилна смрт, а на местото на настанот бил пронајден и нож. Местото е целосно обезбедено за да не се уништат трагите и доказите.

Форензичкиот тим моментално собира докази, но засега не е јасно дали станува збор за семејна трагедија, двојно убиство со самоубиство или напад од трета страна. Сите детали ќе бидат утврдени по завршување на истрагата.

Continue Reading

Црна Хроника

Масовна акција во Скопје: Уапсени Србин, Турчин и неколку лица, меѓу кои и малолетници

Полициски службеници од СВР Скопје изминатата ноќ извршија контрола на повеќе локации во градот и лишија од слобода повеќе лица, меѓу кои и малолетници, поради поседување дрога.

Меѓу уапсените се М.Р.(41) од Република Србија, Х.К.(32) од Република Турција, како и М.И.П.Ф.(24), М.Ј.(18), А.М.(42) и З.Ј.(31), сите од Скопје. Дополнително, полицијата привела и тројца малолетници на возраст од 16 и 17 години.

При контролата кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосното документирање на случаите, надлежните органи ќе поднесат соодветни пријави и ќе преземат понатамошни законски мерки.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг