Connect with us

Балкан

Радев повикува на итна оставка на Владата на Бугарија и одржување предвремени избори

Вчера во Софија и во други градови низ Бугарија се одржаа протести против предлог-буџетот за 2026 година, кои во главниот град делумно ескалираа во доцните вечерни часови, јавува бугарската агенција БТА. Организатори на настанот беа коалицијата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП–ДБ). Првично протестот се однесуваше на буџетот, но барањата прераснаа во повици за оставка на Владата.

Бугарскиот претседател Румен Радев истакна дека оставката на кабинетот е неодложна, а предвремените избори се единствениот пат напред. „На Бугарија ѝ е потребна реална промена што ќе доведе до стабилност на институциите, нешто што сегашната власт не може да го обезбеди“, изјави тој. Радев додаде дека протестите се израз на граѓански став, опфаќајќи луѓе од сите генерации, и ги повика властите да ја почитуваат волјата на граѓаните.

Премиерот Росен Жељазков го повлече предлог-буџетот, нагласувајќи дека протестите имаат социјален и човечки карактер и претставуваат израз на потреба за повеќе права и демократија. Тој посочи дека владата ги признава грешките и дека повлекувањето на буџетот е начин за справување со ситуацијата, особено пред влезот на земјата во еврозоната. Жељазков го пофали работењето на полицијата и истакна дека секоја ескалација на настанот треба да се избегнува.

Опозицијата исто така реагираше на настаните. ПП–ДБ најави дека во петок ќе поднесе барање за недоверба на владата, а лидерот Асен Василев најави нови протести за време на парламентарните дебати. Партијата „Да, Бугарија“ истакна дека Владата нема легитимитет и треба да поднесе оставка, додека лидерот на „Преродба“, Костадин Костадинов, повика протестите да продолжат додека коалицијата не ја поднесе оставката.

Дељан Пеевски, лидер на ДПС – Нов почеток, на социјалните мрежи го осуди насилството и повика на зачувување на редот и стабилноста во земјата. „Алијанса за права и слободи“ (АПС) исто така ги поддржа барањата за оставка и повика на итни законски мерки за организирање вонредни парламентарни избори.

Вицепремиерот и лидер на БСП, Атанас Зафиров, оцени дека повлекувањето на буџетот ќе овозможи зачувување на социјалните права и ќе овозможи нова процедура за вклучување на работи што не беа опфатени во претходниот буџет.

Advertisement

Балкан

Пијан возач фатен со 200 км/ч

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија денес околу 14 часот го запреа Д.В. (39) во Лозница, кој управуваше возило „суди“ со брзина од 200,8 километри на час на дел од патот Лозница – Шабац, каде што ограничувањето е 100 км/ч.

Со алкотестирање е утврдено дека возачот бил во тешка алкохолна интоксикација, со 1,41 промили алкохол во крвта.

Возачот веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во службените простории, а против него е поднесена прекршочна пријава за насилно возење и возење под дејство на алкохол.

Continue Reading

Балкан

Вучиќ: Србија има гориво до 15 јануари

Српскиот претседател Александар Вучиќ увери дека Србија има обезбедено доволно керозин, мазут, дизел и бензин најмалку до 15 јануари, а можеби и до 25 јануари, обидувајќи се да ги смири граѓаните по информациите за проблеми во нафтената индустрија.

Иако државата веќе 70 дена функционира без увоз на нафта, Вучиќ истакна дека енергетскиот систем е стабилен и дека нема причина за паника пред претстојните празници. Тој сепак призна дека ситуацијата е комплицирана, особено поради статусот на Нафтната Индустрија Србија (НИС), за што Белград следната недела ќе испрати итни барања до американската канцеларија за контрола на странски средства (ОФАК) за добивање оперативна лиценца.

„Доволно керозин, мазут, дизел и бензин обезбедивме најмалку до 15 јануари, можеби и до 25 јануари. Никој не треба да се грижи, имаме безброј технички проблеми, но државата знае како да ги реши“, рече Вучиќ.

Претседателот потенцираше дека Србија нема да дозволи колапс на енергетскиот сектор и им се заблагодари на граѓаните за поддршката. „Ве уверувам дека ќе имате доволно од сè што е потребно за празниците. Ќе добивате навремени информации за секоја промена“, додаде тој.

Continue Reading

Балкан

Тешка несреќа на Дурмитор: Турист загина по пад од жичара, жена тешко повредена

Трагичен инцидент се случи денеска на ски-центарот Савин Кук на Дурмитор, кога две лица – странски туристи – паднале од корпа на ски-лифт, при што едно лице го загуби животот, а друго се здоби со тешки повреди.

Несреќата се случила на жичара број два, во стрмниот втор дел од трасата што води кон Савин Кук. Според првичните информации, загинал маж, додека повредената жена е во свесна состојба и комуникативна.

На терен се ангажирани спасувачки и надлежни служби, кои вршат увид и ја утврдуваат причината за инцидентот. Првичните сознанија укажуваат на можен технички дефект во вториот дел од жичарата, по што корпата во која се наоѓале туристите започнала да се движи наназад.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг