Connect with us

Црна Хроника

Кривична за поранешниот градоначалник на Струмица и уште пет лица за јавната набавка на електрични автобуси

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Општина Струмица, Костадин Костадинов, и уште пет лица за злоупотреба на постапката за јавна набавка при набавката на 10 електрични автобуси за ЈСП „Струмица-Транспорт“.

Според МВР, пријавата е поднесена против К.К. (35) од Струмица за сомнеж за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“. Против Д.П.С. (61), К.Б. (37), Л.Ј. (63), Л.Ѓ. (62) и Г.П. (58) се поднесени кривични пријави за „несовесно работење во службата“ и помагање во извршувањето на истите кривични дела.

Со овие дејствија, набавен е 10 електрични автобуси за износ од 429.933.595 денари, со што е причинета материјална штета од поголеми размери. Според истрагата, отсуството на лице со потребни стручни квалификации и лиценца за надзор од областа на електротехниката довело во прашање реалната вредност, квалитетот и безбедноста на автобусите.

Костадинов, како поранешен градоначалник, го ангажирал Г.П. за технички надзор и евалуација на понудите, иако тој немал соодветни квалификации и лиценца А. Тендерската документација била подготвена така што спецификациите речиси идентично одговарале на набавените автобуси.

Д.П.С., како директор на ЈСП „Струмица-Транспорт“, го потпишал договорот за набавката преку финансиски лизинг, иако контролата на постапката и имплементацијата била несоодветна. К.Б., Л.Ј. и Л.Ѓ., како членови на комисијата за јавни набавки, го определиле Г.П. за надзор, иако тој поседувал само лиценца Б и немал право да одговара на технички прашања или да учествува во евалуацијата и реализацијата на договорот.

МВР потенцира дека со овие дејствија се доведени во прашање квалитетот и безбедноста на набавените електрични автобуси.

Advertisement

Црна Хроника

Исчезна 30-годишен скопјанец

На 15.12.2025 во 01:50 часот во Полициската станица Гази Баба, И.Т.(51) од с.Инџиково, скопско, пријави дека од домот се оддалечил неговиот син А.Т.(30).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Continue Reading

Црна Хроника

Примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија – МВР со детали

Полициски службеници по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го лишија од слобода Ф.С. поради сторено кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание.

Во периодот од октомври до 13.12.2025 година осомничениот примил вкупен износ од 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание за да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје и за со поткуп кон судијата да влијае за да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши.

Првично, осомничениот побарал 100.000 евра за да влијае за укинување на мерка притвор определена кон лице кое е недостапно на органите на прогонот и против кого ОЈОГОКК води друга постапка за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството. На 06.10.2025 година примил дел од побараниот износ и тоа 30.000 евра, што му ги предала сестрата на лицето во бегство. На 13.12.2025 година директно побарал и примил уште 20.000 евра како дел од поткупот што го барал за да го даде на судијата.

Непосредно по примањето на паричните средства осомничениот е лишен од слобода и кај него се пронајдени парите.

Continue Reading

Црна Хроника

Лажен полицаец измами старица за 23.300 евра, уапсен на граница

Полицијата од Опатија уапси 46-годишен хрватски државјанин кој измами 79-годишна жена за 23.300 евра. Измамникот се претставувал како полицаец и ја убедил старицата дека истражува хакерски напад врз нејзините банкарски сметки. Тој ја натера да ги подигне сите свои пари за наводна проверка на истрагата.

На 12 декември, жртвата му ги предала парите пред својата куќа, по што измамникот се обидел да ја напушти земјата. Благодарение на брза и координирана акција на полицијата, тој бил уапсен на граничниот премин во Брод-Посавина, а целата украдена сума веднаш била вратена на сопственичката.

Против осомничениот е поднесена кривична пријава, тој е предаден на надзорникот на притвор, а истрагата продолжува.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг