Планирани прекини на струја утре во Тетовскиот регион

Повеќе населени места во Полошкиот регион утре ќе останат без струја поради изведување планирани технички зафати на електро-системот.

Во Тетово, прекинот е најавен за 5 декември од 06:00 до 06:30 часот и ќе ги опфати делови од село Челопек, целите села Милетино и Блаце, како и индустриските објекти во Челопек.

Во Групчин, електричната енергија ќе биде исклучена на 5 декември во периодот од 09:00 до 14:30 часот, а прекинот ќе го зафати дел од селото.

Истовремено, жителите на Селце ќе останат без струја од 09:00 до 14:00 часот, при што прекинот ќе важи за делови од населеното место.

Од надлежните апелираат граѓаните навреме да се прилагодат на најавените технички активности.