Connect with us

Македонија

Николоски: Македонија одамна заслужува старт на преговорите за членство – ЕУ треба да даде јасна и конкретна визија за нашата иднина

nikoloski

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во интервју за МИА од Брисел, каде учествуваше на „Самитот ЕУ-Западен Балкан“ во организација на тинк тенкот Пријатели на Европа, истакна дека Македонија одамна заслужила да ги почне преговорите за членство во ЕУ.

Тој повика Унијата да изврши политички притисок врз оние земји кои го блокираат процесот на проширување, со цел да се овозможи негово продолжување.

Николоски посочи дека на Самитот, европските челници и дипломати „храбро“ признале оти процесот на проширување е пред сè политички, а дури потоа доаѓа исполнувањето на реформите и критериумите.

„Ако веќе знаеме дека процесот е политички, тогаш се потребни политички одлуки, и тогаш е потребно најголемите земји членки од ЕУ да постават јасна визија за регионот, јасна визија и за Македонија“, рече тој.

Во однос на уставните измени, вицепремиерот го постави клучното прашање: дали нивното усвојување е последниот услов, или пак земјата повторно ќе се соочи со вето за неколку години.

Тој инсистира на извесност во процесот и јасни рокови за почеток и завршување на преговорите, доколку се реализираат бараните реформи. Николоски нагласи дека се потребни гаранции дека Македонија нема повторно да биде блокирана.

Тој потенцираше дека процесот мора да биде двонасочен, при што и Бугарија треба да ги спроведе 14-те пресуди на Европскиот суд за човекови права во Стразбур кои се однесуваат на правата на Македонците во таа земја.

Николоски најави значајни поместувања во реализацијата на капиталните проекти во транспортниот сектор

Изградбата на брзата пруга кон Грција (Коридор 10) се очекува да започне следното лето, откако ќе завршат подготовките и ќе се избере изведувач.

Се очекува железничката врска Скопје-Софија да профункционира во 2031 година, доколку Бугарија работи со истата динамика.

Завршена е и првата делница Куманово-Бељаковце, додека на делницата Бељаковце-Крива Паланка се работи интензивно. За третата делница (до границата со Бугарија) се започнуваат подготовки за објавување тендер во текот на декември или јануари. Потпишан е  и меѓудржавен договор за реализација на меѓуграничниот тунел. Околу Нова година се очекува да биде пуштена во употреба нова делница од автопатот Охрид-Кичево, проект кој претходно беше напуштен.

Се работи и на избор на изведувачи за делницата Кичево-Букојчани. Активни се работите на Букојчани-Гостивар (Стража), каде се пробиени 17 од 32 километри.

Вицепремиерот најави дека за „многу скоро време“ ќе има целосно автопатско решение до Прилеп и до Битола, вклучувајќи го и автопатот Прилеп-Битола во должина од 40 километри, како и изнаоѓање решение за делот Прилеп-Фариш.

Се најавува и воспоставување на нови авиолинии, Скопје-Дубаи (преку „Флај Дубаи“) од февруари, Краков и Вроцлав за Охрид од мај, како и Виена (преку „Аустријан Ерлајнс“) директно за Охрид.

При крај е изборот на изведувач за системот „Њу Сингл Виндоу“, кој ќе овозможи електронско пополнување на сите документи за прекуграничен камионски транспорт, елиминирајќи го застојот на границите. Овој систем ќе се воведува и во Албанија и Србија, овозможувајќи превоз на стока од Драч до Нови Сад без запирање на граници.

Николоски очекува дека овие инфраструктурни проекти ќе доведат до двоцифрени бројки на раст во градежништвото, со раст над 10% веќе следната година. Според него, градежништвото, транспортот и логистиката се секторите кои ја движат македонската економија, со раст во транспортот и логистиката од 6,1% во првата половина на годината.

Advertisement

Македонија

Мицкоски: На овој Конгрес не добив само реизбор, победи идејата, од поглавје на кризи, отвораме поглавје на зрелост

На XVIII Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше повторно избран за претседател, но како што истакна, овој реизбор значи многу повеќе од лична победа. „Не добив само реизбор, туку победи идејата. Вечерва затвораме едно поглавје на кризи, напади и неправди и отвораме поглавје на зрелост“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека партијата денес донесе документи кои ќе ја обноват вербата во политиката и ќе покажат дека со јасна стратегија и план резултатите се достижни. „Создаваме заедно стратегија, доктрина и нова национална рамка, а оваа визија ја добива поддршката што ја претвора во обврска за сите нас“, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека товарот што го носи не е лесен, но го прифаќа со мир, затоа што зад него стои народот. „Македонија премногу долго се гледаше низ очите на другите. Време е да чекориме со свои амбиции и да ја градиме иднината што ја заслужуваме“, додаде тој.

Вечерниот конгрес беше означен како историски исчекор за партијата, која, според Мицкоски, се подготвува да излезе од кругот на страв, поделби и ниски амбиции и да започне нова ера на зрелост.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Довербата во институциите и дигитализацијата ја носат иднината на Македонија

На XVIII Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, што се одржува во Спортскиот комплекс „Јасмин“ во Кавадарци под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, нагласи дека стабилноста и развојот на Македонија се возможни само со доверба во институциите кои функционираат на основа на владеење на правото и дигитализација.

Мицкоски истакна дека интеграцијата на дигитални процеси, автоматизацијата и енергетската транзиција се стратешки приоритети за државата. Според него, зелената економија не е идеолошки проект, туку државна потреба, а инвестициите во обновливи извори на енергија, модернизација на преносниот систем и регионални енергетски проекти ќе ја намалат зависноста и ќе создадат нова економска динамика.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека стабилноста и развојот се невозможни без доверба во државата, која се гради преку независни институции, владеење на правото и системи што создаваат правичност, а не зависност. „Без доверба во институциите – нема држава. Правната држава не е збир од закони, туку нивна доследна примена. Македонија мора да ја премине границата од формална кон функционална демократија“, истакна Мицкоски.

Во својот говор тој посочи и дека вештачката интелигенција е новото гравитациско поле на глобалната моќ. Земјите што инвестираат во AI обезбедуваат економска, безбедносна, институционална и технолошка предност, додека оние што ја игнорираат остануваат зависни од туѓи технологии и интереси. Мицкоски нагласи дека Македонија мора да стане активен учесник во новата интелигентна економија, наместо пасивен консумент на туѓа технологија.

Continue Reading

Македонија

Фатен камион со скриени икони и верски предмети на влез во Македонија

Царинската управа открила обид за шверц на икони и други верски предмети на граничниот премин Дојран. При контрола на товарно возило минатата недела, царинските службеници пронашле вкупно 842 различни верски предмети, 50 креми за лице и 84 килограми мед. Стоката била сокриена во 16 кутии и една ќеса во товарниот дел од камионот.

Според соопштението на Царинската управа, откриените производи не биле прикажани во царинската документација. Нивната вредност изнесува 899.460 денари, додека избегнатите давачки се проценети на 327.067 денари.

На фотографиите објавени од царината јасно се гледа дека меѓу запленетите предмети има и голем број икони.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг