Connect with us

Црна Хроника

Полицијата во Тетово со засилени сообраќајни контроли

На 04.12.2025 во периодот од 11:30 часот до 15:00 часот, полициски службеници од Полициската станица Тетово, Отсекот за криминалистичка полиција, Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово спроведоа активности за подобрување на јавната безбедност на подрачјето на СВР Тетово, за контрола на возачи и возила кои вршат јавен превоз на ученици и пронаоѓање  на предмети и недозволени средства кои потекнуваат или се наменети за вршење на кривични дела. Притоа, во 12:50 часот на улица „Илинденска“ е сопрено патничко возило „фолксваген транспортер“ со тетовски регистарски таблички, управувано од Д.С.(47) од с.Бродец тетовско, и констатирано е дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган. Додека, во 13:10 часот на ул.„Илинденска“, при преглед кај А.С.(30) од с.Нераште, тетовско, биле пронајдени и одземени дрвен предмет и нож. По документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Advertisement

Црна Хроника

Автомобил со американски таблички излетал од коловозот кај Кичево: една жена тешко повредена

Рано утрово, околу 03 часот, на магистралниот пат Гостивар–Кичево, во близина на селото Трапчин Дол, патничко возило „Волво“ со американски регистарски ознаки излетало од коловозот, информираа од ОВР Кичево.

Возилото го управувал Ф.А. (32) од Кичево, кој во несреќата се здобил со телесни повреди. Сериозно повредена е сопатничката А.З. (25) од Кичево, кај која биле констатирани тешки телесни повреди во Медицинскиот центар Кичево.

На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево, а причините за сообраќајката дополнително се утврдуваат.

Continue Reading

Црна Хроника

Тројца приведени по физички напад во Тетовско

На 07.12.2025 во 04:00 часот во с.Желино, полициски службеници од ПО Групчин и ПС Тетово, ги лишија од слобода А.Ф.(37) и Ќ.Б.(33), двајцата од с.Желино и С.И.(46) од с.Требош, кои биле пријавени од И.К.(37) од с.Прељубиште дека во угостителски објект во с.Желино физички го нападнале. Исто така, според пријавеното, И.К. на паркингот на објектот оштетил две паркирани возила. По документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок. 

Continue Reading

Црна Хроника

Со пиштол ограбена обложувалница – МВР со детали

На 06.12.2025  во 20:40 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во обложувалница во Струга едно лице со закана со пиштол, од вработената одзело пари. 

Се преземаат мерки за расветлување на настанот, по што против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг