САД ја стегаат политиката: Драстисчно се скратуваат работните дозволи за имигрантите

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп уште еднаш го затега обрачот околу имигрантите! Во драматичен пресврт, бегалците, барателите на азил и другите мигранти во САД ќе се соочат со остро скратување на важноста на нивните работни дозволи.

Службата за државјанство и имиграција на САД (USCIS) соопшти дека одлучи да го намали периодот на важност од пет години на само 18 месеци! Оваа промена, како што тврдат, ќе овозможи „почести проверки“ на странските државјани – потег што критичарите го гледаат како директен напад врз стабилноста на мигрантите.

Според извештаите на „Вол Стрит Џурнал“, оваа ригорозна политика директно влијае на стотици илјади луѓе и фрла сенка на американските компании. Индустриите, како што се фирмите за пакување месо, кои силно се потпираат на работниците со азил, сега ќе мора да се прилагодат на оваа нова, несигурна реалност.

Имиграцијата останува централен столб на агендата на Трамп, а бројките се застрашувачки. Од јануари, речиси 2 милиони луѓе ги напуштиле САД, што администрацијата го опишува како дел од тековните „масовни депортации“.

Властите не кријат дека целта е зголемување на депортациите на шокантни 600.000 до крајот на годината. Досега се евидентирани 530.000 депортации и 1,6 милиони „доброволни заминувања“.

Паралелно со заострувањето на правилата за работа, Имиграцијата и царинската контрола (ICE) го интензивираат својот прогон, особено во градовите управувани од демократите.

Во контроверзен потег, Трамп на 11 август прогласи вонредна состојба за јавна безбедност во Вашингтон, тврдејќи дека градот е преплавен од „насилни банди и крвожедни криминалци“. Оттогаш, тимовите на ICE уапсија околу 1.100 луѓе во главниот град.

Но, извештајот на „Вашингтон Пост“ фрла сомнеж врз целите на ICE: дури 80 проценти од уапсените во Вашингтон немале претходни осуди! Дали администрацијата цели кон вистински криминалци или ова е лов на вештерки?