Connect with us

Црна Хроника

Скопјанка нападна полицајци при службена интервенција

На 04.12.2025 околу 21:55 часот, полициски службеници од СВР Скопје интервенирале на подрачјето на Ѓорче Петров, каде што биле принудени да приведат 43-годишната А.Р. од село Мршевци, скопско.

Жената се однесувала агресивно кон полициските службеници за време на службените дејствија. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Advertisement

Црна Хроника

Автомобил со американски таблички излетал од коловозот кај Кичево: една жена тешко повредена

Рано утрово, околу 03 часот, на магистралниот пат Гостивар–Кичево, во близина на селото Трапчин Дол, патничко возило „Волво“ со американски регистарски ознаки излетало од коловозот, информираа од ОВР Кичево.

Возилото го управувал Ф.А. (32) од Кичево, кој во несреќата се здобил со телесни повреди. Сериозно повредена е сопатничката А.З. (25) од Кичево, кај која биле констатирани тешки телесни повреди во Медицинскиот центар Кичево.

На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево, а причините за сообраќајката дополнително се утврдуваат.

Continue Reading

Црна Хроника

Тројца приведени по физички напад во Тетовско

На 07.12.2025 во 04:00 часот во с.Желино, полициски службеници од ПО Групчин и ПС Тетово, ги лишија од слобода А.Ф.(37) и Ќ.Б.(33), двајцата од с.Желино и С.И.(46) од с.Требош, кои биле пријавени од И.К.(37) од с.Прељубиште дека во угостителски објект во с.Желино физички го нападнале. Исто така, според пријавеното, И.К. на паркингот на објектот оштетил две паркирани возила. По документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок. 

Continue Reading

Црна Хроника

Со пиштол ограбена обложувалница – МВР со детали

На 06.12.2025  во 20:40 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во обложувалница во Струга едно лице со закана со пиштол, од вработената одзело пари. 

Се преземаат мерки за расветлување на настанот, по што против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг