Connect with us

Црна Хроника

Лажен полицаец ја измамил 82-годишна скопјанка и ѝ одзел 170.000 денари

82-годишна жена од Скопје пријавила во СВР Скопје дека е жртва на измама, откако едно лице телефонски ѝ се претставило како полициски службеник и ја убедило да предаде 170.000 денари.

Според информациите од МВР, измамникот ѝ соопштил дека нејзината внука наводно предизвикала сообраќајна несреќа во која загинало дете, и дека е потребно да се плати „одредена сума“ за да не заврши во затвор. Преплашената жена, верувајќи дека ја спасува внуката, излегла од својот дом и му ги предала парите на машко лице кое дошло на локацијата.

По кратко време, таа сфатила дека внуката воопшто не била вклучена во сообраќајка и дека станува збор за класична измама, по што случајот го пријавила во полиција.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и идентификација на сторителот.

Advertisement

Црна Хроника

Опожарен автомобил на паркинг во Скопје

kola gori

С.Ф. (62) од Скопје пријавил в полиција ноќеска дека на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар било опожарено неговото патничко возило „тојота рав 4“ со скопски регистарски ознаки.

Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.

Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Црна Хроника

Разбиена кражба во тетовско – Полицијата со брза интервенција

На 10.12.2025 во 13:00 часот во село Жеровјане, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го лишиле од слобода Б.Е.(30) од с.Жеровјане. Тој се сомничи дека во период од неколку денови извршил кражба во напуштена штала во с.Теново, сопственост на Л.И.(22) од с.Теново, при што одзел повеќе предмети. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Continue Reading

Црна Хроника

Полицијата не им дозволи да побегнат: Малолетник и возрасен маж приведени по инцидент со кеса

policija

Полициски службеници од ОВР Делчево, околу 17:40 часот вчера, приведоа две лица од Македонска Каменица, од нив еден 16-годишен малолетник.

Настанот се одвивал на местото викано „Горен водопад“ на реката Каменичка. При службените дејствија, полицијата ги затекнала малолетникот и 27-годишниот А.М., кога едниот во паника фрлил кеса и се обидел да побегне. Брзата реакција на службениците го спречила неговото бегство и тој веднаш бил приведен.

На местото на настанот, пронајдени и одземени се кеса полна со марихуана, како и докази кои упатуваат на трговија – дигитална вага и дробилка.

Но, истрагата не застанала тука. Подоцна, со судска наредба и во присуство на таткото, бил извршен претрес во домот на малолетникот, каде тој доброволно предал пакување со два цвета од растението канабис.

За целиот случај веднаш е известен Јавен обвинител. По комплетно документирање на сите детали, против приведените ќе биде поднесена соодветна пријава за стореното кривично дело.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг