Connect with us

Црна Хроника

Уапсен водач на меѓународна нарко-мрежа со фирми во три европски држави

Во координирана меѓународна полициска акција уапсени се четири лица осомничени за делување во организирана група за трговија со дрога, соопштија истражните органи. Главниот осомничен, Срѓан Шошкиќ, бил уапсен во Србија, пренесува БГНЕС.

Шошкиќ, кој важел за локален нарко-бос, поседувал транспортни компании во Словенија, Бугарија и Словачка, преку кои, според истрагата, се вршел таен транспорт на наркотични супстанци. Тој и уште едно лице биле приведени во Србија, додека третиот член на групата бил уапсен во Шпанија на 27 ноември, а четвртиот во Австрија уште на 21 март.

Истражителите утврдиле дека групата од 4 декември 2024 година до денес се занимавала со производство и меѓународна распределба на дрога. Само во Шпанија и Австрија биле запленети наркотични средства со пазарна вредност од над три милиони евра.

Според ЈТОК, Шошкиќ бил организаторот на криминалната мрежа и сопственик на транспортната компанија „Ваки транс“ во Словенија, која, како што се сомневаат истражителите, била ставена во функција на шверцот. Камионите и возачите, покрај редовната стока, тајно превезувале дрога низ Европа.

Групата е осомничена дека транспортирала околу 81,2 килограми кокаин, 110 килограми марихуана и околу 15.000 евра, како и дека користела луксузни автомобили во своето криминално работење. Истрагата продолжува.

Advertisement

Црна Хроника

Инцидент на лет кон Скопје: Пијани навивачи тероризирале патници 

Приведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето

На 10.12.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север е пријавено дека во воздухоплов кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот и по слетувањето не ги почитувале правилата, агресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници и екипажот.

Полициски службеници веднаш пристигнале на местото и по преземени мерки го приведоа Л.Т.(38) од Словачка, а на 10 други лица, исто така, од Словачка, не им беше дозволен влез во државата од безбедносни причини. По целосно документирање на случајот, против Л.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Црна Хроника

Скопјанец измамен за 74 илјади денари, еве како…

На 09.12.2025 во 14:45 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од скопско пријави дека во септември 2025 година бил измамен од Б.Н. и Р.„Н“ за сума од 74.000 денари.

Според пријавеното, парите им ги дал да купат материјал од стовариште и да ги довршат градежните работи во неговата куќа, а откако дознал дека материјалот во стовариштето воопшто не е платен, а Б.Н. избегнувал контакт со него, сфатил дека е измамен. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Црна Хроника

Приведен маж од кумановско, го пукал пријателот со пушка

Жител на липковското село Опае е уапсен откако со воздушна пушка го застрелал својот пријател од Куманово, информираше денеска СВР Куманово.

Инцидентот се случил вчера околу 18:40 часот на улицата „Карл Маркс“ во Куманово. Според првичните информации, Б.А. (45) со истрел од воздушна пушка го погодил неговиот пријател Б.Ш. (53), кој по нападот добил тешки телесни повреди.

Полицијата веднаш интервенирала и го лишила од слобода осомничениот. За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање, против Б.А. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг