Connect with us

Република

По децении најави, Тетово конечно добива Саат кула

До 2026 година треба да започне изградбата на Саат кулата во Тетово, проект што со децении се најавува, но никогаш не се реализира. Финансиската конструкција е обезбедена преку донациски грант од Општина Коња во Турција во вредност од околу 200 илјади евра, но засега нема прецизен рок за завршување на градбата. Меморандумот за соработка го потпишаа Општина Тетово и Националниот центар за конзервација.

„Претходно знаете дека имало неколку обиди, имало и обезбедување на финансиски средства од финансиски поддршки, но не се успеа да се реализира овој проект како дел од културното наследство. Обезбеден е донациски грант од Општина Коња. Верувам дека првите градежни активности ќе започнат во рамки на 2026 година“, изјави градоначалникот на Тетово, Билал Касами.

Директорот на Националниот центар за конзервација, Александар Јорданоски, вели дека Центарот веќе ги подготвува сите неопходни активности – од валоризација на културното наследство и проверка на досегашните документи, до целосна ревизија на проектната документација.

„Кон крајот на 2005 и почетокот на 2006 година започнаа археолошките истражувања, што е потребна законска постапка кога треба да започне реализација на ваков тип проект. Во 2016 година беше изработен проектот, беа дадени одредени забелешки и таму застана постапката“, истакна Јорданоски.

Саат кулата останува еден од најчесто ветуваните, но незавршени проекти во Тетово, како во претходните мандати, така и во мандатот на актуелниот градоначалник. Сега, со обезбедени средства и обновени процедури, општината очекува конечно да започне реализацијата.

Advertisement

Република

ДЕЛ ОД ТЕТОВО И ШЕСТ СЕЛА УТРЕ БЕЗ СТРУЈА

evn

Утре, 12 декември 2025 година, дел од Тетово и повеќе тетовски села ќе останат без електрична енергија поради најавени планирани прекини во снабдувањето.

Според објавата, без струја од 09:00 до 14:00 часот ќе бидат делови од градот Тетово, поточно објектите во близина на улицата Илинденска, кај стадионот.

Во истиот период, планиран прекин ќе има и во селата:
• Церово (повеќе локации, вклучително и репетитор Мобимак и целото село),
• Ново Село (две засегнати подрачја),
• Рогле,
• Теарце (од 09:00 до 10:00 часот),
• Челопек,
• Агино Село (ул. 114).

ЕВН најавува дека прекините се поради технички зафати во електро-мрежата и апелира граѓаните навреме да се прилагодат на измените.

Continue Reading

Република

БИТОЛА БЛЕСНА ВО НОВА НОВОГОДИШНА СВЕТЛИНА

Битола и кажа добредојде на новогодишната магија. Претпразнично блеснаа улиците, плоштадите, сцените каде и годинава ќе се случува „Зимската приказна“.
Нова светлина, нова енергија, нова радост за граѓаните на Битола и сите гости.

Со оваа фотогалерија Ви пренесуваме дел од новогодишната магија во градот под Пелистер, подготвен за уште едно ново издание на предновогодишната програма на препознатливата „Зимска приказна“.

.

.

.

.

Continue Reading

Република

Плакат од Киро Урдин во рацете на Коњановски како симбол на поддршката за „Браќа Манаки“

Директорот на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, Димитрија Доксевски, и извршниот директор Роберт Јазаџиски остварија средба со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, на која беше потврдена силната соработка меѓу фестивалот и Општина Битола.

На средбата се разговараше за долгогодишната партнерска врска која градот домаќин ја има со најстариот фестивал за филмска камера во светот, како и за подготовките за 47-то издание, чија цел е уште повпечатлива организација и достоинствен прием на меѓународните гости.

Како израз на благодарност, Доксевски и Јазаџиски на градоначалникот му врачија плакета со мотив од официјалниот плакат на 46-тото фестивалско издание, чиј автор е светски признатиот македонски сликар Киро Урдин.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг