Connect with us

Црна Хроника

Жена преживеала голгота во Скопје: Се понудил да ја носи дома, но цела ноќ ја шетал по различни места, и се заканувал, ја силувал и снимал

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице од Неготино, со живеалиште во Германија, кој е осомничен за кривични дела – Полов напад и силување од член 186 и Уцена од член 259 од Кривичниот законик.

Осомничениот 29-годишник, на 2 декември, заедно со неговата сопруга и уште една пријателка, излегле во ресторан во Скопје. Таму пиел алкохол и консумирал дрога, па бидејќи по вербална расправија неговата сопруга заминала сама, тој се понудил да ја врати дома пријателката. Но, наместо кон нејзиниот дом, цела ноќ ја возел на различни локации во Скопје, обидувајќи се да ја принуди на сексуални односи.

Жената не се согласувала, меѓутоа тој и се заканил дека ќе ја убие и ја присилил да влезе во апартман во Центар. Таму со физичка сила и закани со нож ја принудил на други полови дејствија, а целиот настан го снимал.

Додека биле во апартманот, се јавувал со видео повик кај сопругата и кај други лица и барал од нив да му донесат кокаин за да не ја убие оштетената.

Три дена подоцна, осомничениот и го пратил видео клипот со експлицитна содржина на оштетената со закани дека ќе го објави секаде ако не му даде 2.500 евра. Жртвата ги пријавила уцените, по што било организирано симулирано примопредавање на обележани парични средства. Откако ги презел парите од жената, осомничениот веднаш бил приведен.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Притворот се бара имајќи предвид дека постои реална опасност од бегство, а осомничениот има отпуст од македонско државјанство и постојан престој и работа во Германија. Исто така, постои ризик осомничениот да го повтори делото кое претставува нарушување на јавниот ред, но и на половата слобода и половиот морал. Судијата го прифати предлогот и ја определи притворската мерка.

Извор: 4news.mk

Advertisement

Црна Хроника

4News: Приведен поранешниот државен правобранител – истрага за сериозни коруптивни сомнежи

Поранешниот Државен правобранител на Македонија, Фехми Стафа, вечерва е приведен во рамки на полициска акција, поради сомневања за тешко коруптивно кривично дело. Апсењето на поранешниот висок функционер, кој беше задолжен за заштита на државниот имот, предизвика силни реакции во јавноста.

Засега нема официјално соопштение од институциите, но според првични информации, постојат сериозни индиции за вмешаност во коруптивни активности.

Според неофицијални и непотврдени сознанија од истрагата, Стафа е лишен од слобода под сомнение за примање поткуп. Извори блиски до истражните органи наведуваат дека станува збор за сума од неколку десетици илјади евра, која наводно била побарана или примена со цел извршување или неизвршување службено дејствие.

Во овој момент не се соопштени детали за начинот и околностите под кои е извршено апсењето, ниту дали предметот опфаќа и други осомничени лица. Се очекува Министерството за внатрешни работи и надлежното Јавно обвинителство во текот на ноќта или утрешниот ден да информираат за случајот и за правната квалификација на делото.

Стафа на функцијата државен правобранител беше именуван како предлог на Алтернатива, а во јавноста беше поврзуван и со ДУИ. Во изминатиот период против него биле поднесувани и повеќе пријави до Финансиската полиција.

Државниот правобранител е институција задолжена за застапување и заштита на имотните и правните интереси на Република Македонија пред судовите и органите на државната управа.

Извор: 4news.mk

Continue Reading

Црна Хроника

Осум повредени во сообраќајка на патот Гостивар–Тетово

Денеска (13.12.2025) во 20:05 часот на патот Гостивар-Тетово после клучка ,,Камењане”, настанала сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ,,Мерцедес” со австриски регистарски ознаки и патничко возило ,,БМВ” со тетовски регистарски ознаки. Во незгодата со повреди се здобиле осум лица кои со возила на итна медицинска помош се пренесени во Клинички центар Тетово. Поради вршење на увид, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Continue Reading

Црна Хроника

Тешка несреќа на патот Гостивар – Тетово!

vonredna vest

Тешка несреќа се случила вечерва на патот Гостивар – Тетово.

Засега нема информации за повредените лица.

Сообраќајот се одвива отежнато.

Очекуваме повеќе детали.

Извор: 4news.mk

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг