Connect with us

Црна Хроника

Претрес во тетовско, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени две лица

На 11.12.2025 околу 08:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ф.Р.(30) од с.Орашје, општина Јегуновце. При претрес во неговиот дом во селото Орашје, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се автоматска пушка калибар 7,62 милиметри со две рамки со вкупно 22 куршуми калибар 7,62 милиметри, 78 куршуми непозната марка и калибар, марихуана, дробилка и дигитална вага. При претресот во неговиот дом е затекната И.Д.(34) од Сојузна Република Германија, која е привидена и задржана во полициска станица затоа што го пречекорила туристичкиот престој. Ф.Р. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisement

Црна Хроника

Тетовец уапсен откако со нож се обидел да нападне четири малолетници во локал

На 11.12.2025 во 19:40 часот во угостителски објект во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.Д.(25) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од Џ.А.(48) од Тетово, дека околу 16:45 часот во Тетово со остар предмет се обидел да ги нападне неговиот малолетен син и неговите тројца малолетни другари. С.Д. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

Continue Reading

Црна Хроника

Расчистено убиство во гостиварско, поднесена кривична пријава

СВР Тетово – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.М.(53) од с.Неготино, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик. Имено, на 09.12.2025, Ј.М.(34) од гостиварско пријави дека неговата мајка Х.А.(53) од с.Равен, гостиварско, се оддалечила од домот, а подоцна на безбедносните камери забележал дека на 07.12.2025 таа влегува во патничко возило „фиат“, по што е недостапна на телефон. Исто така, тој пријави дека на безбедносните камери забележал дека ноќта помеѓу 06.12. и 07.12.2025 С.М. влегол и пребарувал во неговата куќа и дека биле одземени пари од неговата соба. На 11.12.2025 во 02:15 часот, С.М. беше лишен од слобода поради сомнение дека ја принудил Х.А. да замине од домот со него.
По преземени мерки во врска со случајот, по извршени проверки на видео записи, констатирано е дека пријавениот дал лажен исказ во полициска станица. Воедно, од добиениот листинг на повици утврдено е дека Х.А. последен пат имала контакт со него на 07.12.2025.
Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во домот на С.М., по што од слобода е лишена и неговата сопруга Ѓ.В.(48). Во службен разговор во полициска станица, Ѓ.В. признала дека нејзиниот сопруг С.М. со пиштол ја убил Х.А., а го посочила и местото каде е закопана. После тоа, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар во присуство на јавен обвинител извршија увид на местото во атар на село Неготино каде било пронајдено телото на Х.А.. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција.

Continue Reading

Црна Хроника

Почината жена пронајдена во дупка – МВР со детали

Хорор откритие ја потресе гостиварската јавност. Во текот на ноќта, Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на морничава локација – во атарот на селото Неготино, каде што е пронајдено тело на засега неидентификувано лице, закопано во плитка дупка.

Сомнежите се огромни и водат кон најцрното сценарио: постојат сериозни индиции дека станува збор за жена која претходно беше пријавена за исчезната, а за која имаше информации дека била противноправно лишена од слобода.

Веднаш по откритието, јавниот обвинител издаде итна наредба за обдукција и идентификација на починатото лице, како и за темелно прибирање на сите траги од местото на злосторството.

По серијата брзи проверки, веќе има резултати, за едно осомничено лице е одредена мерка краткотраен притвор од 48 часа за да се обезбедат клучни докази. Уште едно лице е задржано, а за него во моментов се вршат дополнителни проверки.

По наредба на јавниот обвинител, истрагата е во полн ек и се преземаат сите неопходни чекори за целосно расветлување на овој страшен настан и откривање на целата вистина.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг