Таткото на Еми Вајнхаус, Мич Вајнхаус, поднел тужба против двете најблиски пријателки на починатата пејачка.

Според новите информации од магазинот People, Мич Вајнхаус тврди дека Катрилона Горлеј и Наоми Пери, која со години беше нејзина стилистка и доверлива личност – тајно продавале парчиња облека што ѝ припаѓале на Ејми, и тоа на аукции во САД.

Првата аукција се одржала во 2021 година, а втора во 2023 и двете во организација на „Julien’s Auctions“. Оделото што Ејми го носеше на сцена, фустани од турнеи, лични модни додатоци… сите овие предмети завршиле под чекан, но наводно под имињата на Пери и Горлеј.

Според тужбата, двете пријателки тврделе дека добиле дел од облеката како подарок од самата Ејми додека била жива. Но таткото Мич не се согласува – тој смета дека тие неправедно профитирале од личните работи на неговата ќерка и бара правдата да излезе на виделина.

Потсетуваме, Ејми Вајнхаус почина трагично во 2011 година, на само 27 години, а нејзиниот стил и музика сè уште се инспирација за милиони фанови.

Останува да видиме како ќе заврши овој судски процес – и дали семејството на Ејми конечно ќе стави точка на уште една контроверзија околу нејзиното наследство.