На автопатот Скопје – Велес, кај клучка Илинден, патничко возило „фолксваген пасат“ управувано од 19-годишниот Л.А. од Скопје излета од коловозот, при што пет лица се повредени.
Сопатникот С.А. се здоби со тешки повреди, додека возачот Л.А. и сопатниците Ф.А., Е.А. и Н.А. имаат телесни повреди. Сите повредени се хоспитализирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Увидна екипа од СВР Скопје изврши увид на местото на несреќата, а причините за излетувањето се во тек на расчистување.
