Двајца жители на Скопје се уапсени синоќа во рамки на акција против недозволена трговија со дрога, откако во стан во скопската општина Карпош беше пронајдено поголемо количество наркотични средства.
Станува збор за 36-годишниот М.М. и 29-годишната К.М., кои биле лишени од слобода околу 20 часот во координирана акција на Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност.
По претходно обезбедена судска наредба, полицијата извршила претрес во домот на К.М., при што биле одземени амфетамин, таблети екстази, марихуана и дигитална вага, што укажува на можност за препродажба на дрога.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека по целосно документирање на случајот, против осомничените ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
