Connect with us

Балкан

Хрватскиот парламент изгласа центар за нуклеарен отпад во чувствително подрачје

Хрватскиот Сабор денеска го усвои Законот за изградба на Центар за отстранување на радиоактивен отпад на подрачјето Трговска Гора, на самата граница со Босна и Херцеговина. За законот гласаа 77 пратеници, 21 беше против, додека 36 пратеници останаа воздржани.

Со оваа одлука, Хрватска формално го отвори патот за реализација на проект што со години предизвикува остри реакции и загриженост во Босна и Херцеговина. Властите и експертите од БиХ континуирано предупредуваат дека локацијата претставува сериозна закана за здравјето на стотици илјади жители, како и за водата, почвата и животната средина во поширокиот регион.

И покрај апелите од Сараево и предупредувањата за висок ризик од контаминација, хрватските власти решија радиоактивниот отпад да се складира на подрачјето на општина Двор, во непосредна близина на границата со БиХ. Прашањето за Трговска Гора како потенцијална локација за нуклеарен отпад е присутно уште од 1990-тите години, но институциите на БиХ поинтензивно се вклучија во овој проблем во последните пет години.

Според плановите на Хрватска, центарот за складирање на нуклеарен отпад треба да биде ставен во функција до 2028 година. Локацијата се наоѓа на само неколку стотини метри од куќи, училишта, земјоделски површини и извори на вода за пиење, од кои зависат повеќе од 250.000 жители во сливот на реката Уна.

Експертите предупредуваат дека покрај директните здравствени ризици, постои сериозна опасност и за заштитеното подрачје на реката Уна, кое може трајно да биде загрозено. Дополнителна загриженост предизвикува фактот што Хрватска сè уште нема завршено целосна студија за влијанието врз животната средина, а Босна и Херцеговина не е вклучена во процесот на истражување.

И покрај тоа, работите на терен веќе се во тек. Од јуни годинава, на локацијата на поранешниот воен складишен комплекс Черкезовац се изведуваат активности за уривање на постојните објекти, подготовка на теренот и обработка на градежен и земјен материјал.

Advertisement

Балкан

Рама поддржува ограничување на правото на вето за новите членки на ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама оцени дека предложената идеја на Европската Унија за ограничување на правото на вето на новите членки на почетокот од нивното членство е „добра“. Предлогот има за цел да ги смири скептичните главни градови кон проширувањето на Унијата.

„Мислам дека е добра идеја“, изјави Рама за „Политико“ пред самитот ЕУ-Западен Балкан. Тој додаде дека несогласувањата во ЕУ се неизбежни, но дека пристапот на Албанија ќе се разликува од оној на Унгарија кога станува збор за блокирање на политиката на Унијата.

Рама потенцираше дека новите членки треба отворено да ги искажуваат своите ставови, но на крајот да се придржуваат кон колективните одлуки. Албанија се смета за еден од фаворитите за полноправно членство, со цел да стане членка на ЕУ до 2030 година.

Continue Reading

Балкан

ЕУ ја укинува блокадата кон Косово: 205 милиони евра помош наскоро достапни

Европската Унија одлучи да ги укине сите санкции против Косово до крајот на јануари 2026 година, што ќе овозможи на земјата да добие 205 милиони евра помош на почетокот на новата година. Одлуката следи по мирната транзиција на локалната власт во северните општини со мнозинство Срби.

Санкциите, кои досега предизвикаа штета од над 613 милиони евра, се однесуваа на клучни сектори како животната средина, енергетиката, дигитализацијата и културата.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, преку социјалните мрежи изрази благодарност до лидерите на ЕУ и сите партнери на Косово за признавањето на посветеноста на земјата во овие процеси.

Continue Reading

Балкан

Масовни дојави за бомби во училишта низ БиХ, учениците евакуирани

Утрово повеќе основни и средни училишта во Тузланскиот кантон во Босна и Херцеговина добија дојави за бомби, што доведе до прекин на наставата и итна евакуација на учениците и персоналот. Полициските екипи се на терен и преземаат мерки за проверка на заканите. Според неофицијални информации, пријавите главно биле испраќани преку електронски адреси.

Владата на Тузланскиот кантон и Министерството за образование и наука соопштија дека сите активности се спроведуваат во согласност со законските и безбедносните протоколи. „Училишните администрации и наставниот кадар дејствуваат одговорно, а безбедноста на учениците, наставниците и другите вработени е апсолутен приоритет“, велат од Владата. Учениците беа безбедно евакуирани и испратени во своите домови.

Покрај Тузла, дојави за бомби беа пријавени и во училишта во Република Српска, вклучувајќи градови како Бања Лука, Приједор, Прњавор, Лакташи, Требиње и Добој. Полицијата веднаш започна контрасаботажен преглед и обезбедување на објектите.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг