Connect with us

Црна Хроника

Полицијата одзеде стотици брендирани производи и алати, двајца во притвор

Припадниците на Мобилната единица за компензаторни мерки при ОГРМ во две одвоени и брзи интервенции вчера, на автопатот Табановце-Куманово пресекоа канали на недозволена трговија и лишија од слобода две лица.

Најпрво, полициските службеници сопреа патничко возило “Голф” со кумановски регистарски таблички, управувано од 38-годишниот Б.И. од Куманово. Следуваше детален преглед во кој беа пронајдени неверојатни 272 парчиња разновидна, високо-вредна брендирана стока.

Стоката беше без никаква пропратна документација, што веднаш укажува на сомнеж за нелегален увоз или фалсификат. Стоката е веднаш одземена, а Б.И. експресно е приведен.

Само неколку часа подоцна, на истата делница, во мрежата на полицијата падна и 41-годишниот Б.С. од Скопје, кој управувал патничко возило “Мерцедес” со скопски таблички.

Полициските службеници повторно демонстрираа професионалност, откривајќи уште една нелегална пратка: пронајдени се дури 174 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат! Како и во првиот случај, и оваа пратка беше без никаква документација.

Во вториот случај, освен алатот, одземено е и возилото, а Б.С. е лишен од слобода.

Advertisement

Црна Хроника

Украдени 65.000 евра и злато во Македонија – полицијата уапси три млади жени!

Вчера во 18:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар, поради основано сомнение дека на 14.12.2025 година извршиле тешка кражба во куќа сопственост на Ф.М.(58) од Гостивар, при што биле одземени пари и златен накит во вредност од околу 65.000 евра, ги лишиле од слобода А.З.(24) и М.З.(27), двете од Гостивар. 

Подоцна, од слобода била лишена и Н.И.(24) од Тетово. Истиот ден, по претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.З., при што биле пронајдени и со потврда одземени поголем дел од украдените пари и златен накит, кои ќе бидат вратени на сопственикот. 

Приведените лица се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Continue Reading

Црна Хроника

Државјанин на Албанија уапсен на Ќафасан за обид за поткуп

Полициски службеници на МВР на 21 декември 2025 година околу 09:10 часот на граничниот премин Ќафасан го лишија од слобода Е.К. (53) од Република Албанија.

Како што информираат од МВР, при вршење пасошка и гранична контрола, лицето му понудило поткуп на полициски службеник, оставајќи пари на бирото, по што веднаш било приведено.

За настанот бил известен надлежен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 358 од Кривичниот законик.

Continue Reading

Црна Хроника

Американецот со нигериско потекло приведен откако нападна полицаец во Скопје – ќе се соочи со притвор

Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека издаде наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, осомничен за напад врз полицаец и неовластено поседување оружје.

Според обвинителството, во текот на вчерашниот ден беа обезбедени докази за основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело „Неовластено држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“, како и „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Инцидентот се случил на 21 декември во раните утрински часови пред ноќен клуб во Градскиот парк. Осомничениот физички нападнал полицаец кој се обидел да го легитимира, при што му нанел повреда со удари со тупаници. По нападот, мажот бил совладан, а кај него бил пронајден полуавтоматски пиштол „глок“ калибар 9мм со две рамки по 30 куршуми.

Потоа, во рамки на истрагата, обвинителството обезбедило наредба за претрес во хостелот каде што осомничениот престојувал. Таму биле пронајдени уште еден пиштол „глок“, три рамки со по 15 куршуми, дополнителни 75 куршуми во зипер ќеси, комплет за чистење оружје, три ножа и други предмети како фантомка, тактички ракавици, бандажери за раце и сајли за врзување. За сите предмети е издадена наредба за вештачење.

Јавниот обвинител поднел предлог до судијата на претходна постапка за определување притвор, оценувајќи дека постои реална опасност осомничениот да избегa, да влијае врз сведоците и доказите, како и да изврши ново кривично дело.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг