Connect with us

Црна Хроника

Примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија – МВР со детали

Полициски службеници по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го лишија од слобода Ф.С. поради сторено кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание.

Во периодот од октомври до 13.12.2025 година осомничениот примил вкупен износ од 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание за да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје и за со поткуп кон судијата да влијае за да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши.

Првично, осомничениот побарал 100.000 евра за да влијае за укинување на мерка притвор определена кон лице кое е недостапно на органите на прогонот и против кого ОЈОГОКК води друга постапка за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството. На 06.10.2025 година примил дел од побараниот износ и тоа 30.000 евра, што му ги предала сестрата на лицето во бегство. На 13.12.2025 година директно побарал и примил уште 20.000 евра како дел од поткупот што го барал за да го даде на судијата.

Непосредно по примањето на паричните средства осомничениот е лишен од слобода и кај него се пронајдени парите.

Advertisement

Црна Хроника

Тешка сообраќајна несреќа – Едно лице го загуби животот

На магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, автомобил „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало од коловозот вчера доцна попладнето.

Б.Ќ. починал на местото на несреќата од здобиените повреди, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

Continue Reading

Црна Хроника

Со фалсификувани документи сакале да влезат во Македонија – двајца странци приведени

На 17 декември 2025 година, на аеродромот во Скопје, околу 01:50 часот, полициски службеници спречиле обид за влез во државата со фалсификувани владини документи. При граничната контрола биле лишени од слобода Ч.Л. (27), државјанин на Кина, и М.Х. (26), државјанин на Италија, откако било утврдено дека приложиле документи што не потекнуваат од официјални органи и се фалсификувани.

Лицата биле задржани во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од надлежните ќе следат соодветни правни мерки поради сомнение за сторено кривично дело поврзано со злоупотреба на државни документи и обид за нелегален влез во земјата.

Continue Reading

Црна Хроника

Кривична пријава за тетовец поради закани кон полициски службеници

На  02.11.2025 година, 51-годишен жител на Тетово со иницијали Џ.С. е обвинет за кривичното дело „загрозување на сигурноста“, откако, според полицискиот билтен, упатувал закани кон полициски службеници за време на извршување службени дејствија во Гостивар.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при СВР Гостивар поднела кривична пријава до надлежното јавно обвинителство, поради постоење основано сомнение дека лицето сторило кривично дело со закани кон службени лица.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг