Connect with us

Економија

Мицкоски: Буџетот е стабилен и има доволно пари

„Буџетот е во одлична состојба, ерата на стихијно трошење и ’молзење‘ на државната каса заврши,“ порача премиерот Христијан Мицкоски во своето последно гостување на ТВ Сител. Со остар тон кон критиките на опозицијата и јасен план за финансиска консолидација, тој стави точка на шпекулациите за „заклучениот“ трезор.

Премиерот децидно појасни дека фамозниот 15 декември не значи прекин на исплатите, туку иницијатива за ставање крај на практиката „во 5 до 12“.

„Сакаме ред. Минатата година сведочевме на хаос во последните денови од декември, што ги остави доверителите во неизвесност. Иако трезорот ќе процесира налози и на 31 декември, време е за финансиска дисциплина. Мора еднаш засекогаш да научиме да работиме навремено,“ дециден е Мицкоски.

Одговарајќи на обвинувањата од СДСМ за наводна дупка од 60 милијарди денари, Мицкоски ги нарече овие тврдења чиста невистина. Тој откри дека само во првите десет дена од декември се собрани 15 милијарди денари, а вистинската слика се гледа кога ќе се спојат буџетските и сопствените сметки на институциите. Буџетскиот дефицит е под контрола и ќе биде под 4% од БДП. Државата врати еврообврзница од половина милијарда евра без да издаде нова. Македонија бележи економски резултати кои, во однос на нашиот БДП, се меѓу водечките во Европа.

Премиерот најави немилосрдна борба против злоупотребите во социјалниот систем. Тој откри фрапантни случаи каде поединци, преку разни основи, инкасирале и до 65.000 денари месечно. „Тоа е крадење од државата! Ќе го прочистиме списокот на корисници на ГМП бидејќи се грижиме за иднината, а не за политичките поени,“ порача тој.

Најжестоката порака беше упатена кон бизнис-структурите кои со години го „цицале“ буџетот преку лажни поврат на ДДВ за непостоечки залихи.

„Нема повеќе милионски суми за фиктивни фактури и роба која постои само на хартија. Тие што мислеа дека УЈП ќе мижи пред нивните измами, веќе се во притвори. И тоа е само почетокот.“

Мицкоски заклучи дека е подготвен да ја плати „политичката цена“ за воведување ред, нагласувајќи дека неговата влада нема да дозволи државата да се задолжува за да ги покрива дупките на неодговорното работење од минатото.

Економија

Најбарани професии во ЕУ – продажба, маркетинг и производство

Според податоците на Евростат за минатата година, најголема незадоволена побарувачка за работна сила во Европската унија имало во професиите поврзани со продажба, маркетинг и производство. Ова укажува на можни тешкотии за работодавачите при регрутирање на персонал во овие сектори.

Според експерименталната статистика, составена делумно преку податоци од онлајн огласи за работа, највисоки стапки на слободни работни места биле забележани кај работници во производство и помошни канцелариски работници, со стапка од 7,3% секое. Следуваат други работници во продажба со 6,1% и уметнички, културни и кулинарски соработници со 6%.

Дополнително, околу 5,8% од непополнетите позиции се однесувале на работници во транспорт и магацини, 5,7% на менаџери за малопродажба и големопродажба, 5,4% на агенти за бизнис и услуги, 5,2% на оператори на постројки и машини и 5% на инженерски професионалци, со исклучок на електротехничките профили.

Евростат истакнува дека иако здравствените работници и наставниците, како и други занимања во јавниот сектор, исто така може да се соочат со тешкотии при регрутирање, тие поретко се рекламираат онлајн, па затоа во податоците се рангирани пониско. Од друга страна, ИТ професиите може да бидат претставени со поголема застапеност во онлајн огласите за работа.

Continue Reading

Економија

Хрватска ги менува правилата за странски работници – еве колку дозволи има за Македонците

Хрватска воведува нови услови за вработување на странски државјани со цел подобра контрола, намалување на нелојалната конкуренција и спречување на нелегалните практики. Измените на Законот за странци воведуваат построги здравствени критериуми и барање за познавање на хрватскиот јазик, информира ХРТ.

Граѓанин на трета земја, како Македонија, за прва дозвола за привремен престој ќе мора да приложи потврда за здравствена состојба и статус на вакцинација, кои не смеат да бидат постари од 90 дена. Исто така, познавањето на хрватскиот јазик се смета за основа за интеграција на странските работници, а државниот секретар Иван Видиш посочи дека и покрај кофинансираното учење јазици од Европскиот социјален фонд, интересот кај работниците е слаб.

Хрватска годинава издаде над 11.000 работни дозволи за граѓани од Македонија. Премиерот Андреј Пленковиќ истакна дека во последните две години се создадени 100.000 нови работни места, а бројот на невработени паднал на 81.000, што го покажува ефектот од активната политика за вработување.

Министерот за труд Марин Пилетиќ додаде дека во земјата моментално има околу 140.000 странски работници, а измените на законот ќе го намалат бројот на нови дозволи, додека ќе се зголеми значењето на оние кои веќе се наоѓаат во Хрватска.

Претседателот на GSV, Иван Мишетиќ, посочи дека во наредните пет години ќе бидат потребни над 100.000 работници од странство поради планираниот раст и пензионирањата, бидејќи домашниот пазар не може да го задоволи овој раст.

Continue Reading

Економија

Од вечерва нова цена на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,60% во однос на одлуката од 18.12.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,631%, кај дизелот за 4,633%, кај екстра лесното масло за 3,987% и кај мазутот зголемувањето е за 0,223%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1645%.

Од 20.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар);
– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 73,00 (денари/литар);
– Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар);
– Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар);
– Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм).

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг