Насилство меѓу ученици во Скопје: малолетник претепан пред основно училиште

Малолетно дете било физички нападнато од свои соученици пред основно училиште на подрачјето на општина Гази Баба, соопштија од полицијата.

Според пријавата во СВР Скопје, на 15 декември 2025 година во 11:30 часот, А.Џ. (37) од Скопје пријавила дека инцидентот се случил на 12 декември околу 12:00 часот, кога нејзиниот малолетен син бил нападнат од тројца негови соученици пред училишниот објект.

По пријавениот случај, надлежните служби започнале постапка за утврдување на сите околности поврзани со инцидентот. Од СВР Скопје информираат дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот.