Connect with us

Црна Хроника

Работник загина при несреќа на градилиште – врз него паднала машина за бетон

Работник од Република Албанија го загуби животот во тешка несреќа на работно место во близина на селото Требеништа, во општина Дебрца, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, на 19 декември 2025 година околу 16:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека за време на изведување работни активности на трафостаница, врз Х.И. (44) од градот Либражд, Албанија, паднала работна машина – пумпа за бетон.

Мажот се здобил со тешки телесни повреди и со патничко возило бил пренесен во близина на аеродромот во Охрид, каде што бил преземен од екипа на Итната медицинска помош. И покрај укажаната помош, лекарите констатирале смрт.

На местото на несреќата извршен е увид од јавен обвинител, полициски службеници и претставници на Државниот инспекторат за труд. Надлежните институции преземаат мерки за утврдување на причините за несреќата и евентуална одговорност.

Advertisement

Црна Хроника

Петмина повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје–Велес

Пет лица се повредени во сообраќајна незгода што се случила денеска (20.12.2025) околу 16:20 часот на автопатот Скопје–Велес, во близина на Петровец. Според информациите, во несреќата учествувале две патнички моторни возила.

Повредените лица со возила на Итна медицинска помош биле пренесени во здравствени установи во Скопје, каде им е укажана соодветна лекарска помош.

На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на причините за сообраќајната незгода.

Continue Reading

Црна Хроника

77-годишна скопјанка измамена со 150.000 денари од лажно лице што се претставило како доктор

На 19 декември 2025 година, 77-годишна жена од Скопје пријавила во СВР Скопје дека била измамена за сума од 150.000 денари. Според пријавата, непознато машко лице ѝ се јавило телефонски, претставувајќи се како доктор, и ѝ рекло дека треба да даде пари за операција на нејзината ќерка, која наводно се повредила додека ги шетала кучињата.

Жената парите ги оставила на договореното место, но по разговор со својата ќерка сфатила дека станува збор за измама.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и за откривање на лицето што ја измамило.

Continue Reading

Црна Хроника

Напад со нож – едно лице тешко повредено

Во струшкото село Драслајца, на 19 декември 2025 година, едно лице било нападнато со нож, при што претрпело тешки телесни повреди. Повредениот, И.С. (33) од селото Ложани, бил веднаш пренесен во Општата болница во Струга за укажување на лекарска помош.

На местото на инцидентот извршен е увид од јавен обвинител и полициски екипи, а се преземаат мерки за расчистување на настанот и идентификација на сторителот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг