Connect with us

Република

„Куќа имам на Пелистер“ – Илјадници посетители на манифестацијата „Вкусот на Пелистер“

Неколку илјади граѓани од Битола, Прилеп, Ресен и од другите ополни општини денеска присуствуваат на манифестацијата „Вкусот на Пелистер“, која се одржува под мотото „Куќа имам на Пелистер“. Настанот е посветен на одбележување на успешно завршената година и свечениот почеток на Новата 2026 година, со богата понуда на храна, пијалоци и забавна програма.

Манифестацијата по втор пат ја организира ЈУ Национален парк Пелистер, со поддршка на Општина Битола, со цел на едно место да се обединат и промовираат туристичките потенцијали на поширокиот регион.

„Оваа година имаме околу 30 учесници, меѓу кои локални угостители, хотели, производители на храна и пијалоци, како и други правни лица кои нудат алтернативна туристичка понуда. Целта е да се зајакне локалната економија и да се промовира Пелистер како атрактивна туристичка дестинација во текот на целата година“, изјави директорот на Националниот парк, Иванчо Тошевски.

Посетителите имаат можност да уживаат во автентични локални вкусови, традиционални производи и празнична атмосфера, што уште еднаш го потврдува значењето на ваквите настани за развојот на туризмот и промоцијата на регионот.

Извор: Апла.мк

Република

Костадиноски ги повикува дечињата на новогодишна бајка во Јегуновце

Општина Јегуновце ја најави традиционалната новогодишна програма за најмладите жители, која ќе се одржи оваа недела со почеток во 12:00 часот на плоштадот пред општинската зграда.

Градоначалникот Димитар Костадиноски истакна дека културно-забавната програма е наменета за дечињата, кои најмногу ја очекуваат магијата на новогодишните празници. На настанот ќе се појави и „Дедо Мраз“, кој ќе ги изненади најмладите со пригодни подароци.

„Дојдете да ги почувствуваме заедно првите празнични мигови, исполнети со радост и среќа за дечињата“, рече Костадиновски, повикувајќи ги граѓаните да учествуваат во заедничката празнична атмосфера.

Continue Reading

Република

Зимска магија во Малешевијата: Првоот снег во Пехчево

Пехчево и поширокиот регион на Малешевијата утрово се разбудија под снежна покривка, откако најавениот снежен бран ги донесе првите поголеми зимски врнежи во источниот дел од земјава. Снегот создаде вистинска зимска атмосфера, а жителите имаат можност да уживаат во зимската идила.

Според метеоролошката прогноза, денешниот ден ќе биде променливо облачен, со повремени локални врнежи од дожд, претежно во претпладневните часови во источните делови. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат во форма на снег.

Попладне се очекува постепен престанок на врнежите на целата територија, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, што ќе придонесе за почувствително заладување.

Continue Reading

Република

Тоневски: Заедничка визија за развој на Пониква како силна туристичка дестинација

Во Инфо-центарот на Пониква денеска се одржа работен состанок меѓу градоначалниците на општините Кочани и Пробиштип, Владко Грозданов и Тони Тоневски, посветен на унапредување на туристичкиот развој и поефикасно искористување на потенцијалите на оваа планинска дестинација.

На состанокот беше ставен акцент на богатите природни ресурси на Пониква, кои претставуваат цврста основа за развој на зимски и планински туризам. Посебно внимание беше посветено на можностите за развој на ски-туризмот, како важен сегмент за зголемување на бројот на посетители во зимскиот период и за продолжување на туристичката сезона во текот на целата година.

Целта на средбата беше унапредување на меѓуопштинската соработка преку координиран и одржлив пристап во решавањето на предизвиците поврзани со развојот на Пониква. Градоначалниците нагласија дека заедничкото делување ќе овозможи подобро планирање на инвестициите, подобрување на инфраструктурата и пристапноста, како и реализација на значајни капитални проекти.

Во таа насока, беше истакната и заедничката подготвеност за координиран настап пред домашни и меѓународни фондови, со цел обезбедување финансиска поддршка за проекти што ќе придонесат за целосно валоризирање на природните потенцијали на Пониква и нејзино позиционирање како препознатлива туристичка дестинација во регионот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг