По неколкудневните блокади и протести, земјоделците во Грција донесоа одлука да ги отворат граничните премини за време на божиќните и новогодишните празници.
Со оваа одлука ќе се овозможи непречен проток на патници и стока за Божиќ и Нова година, што е особено значајно за граѓаните и транспортниот сектор.
Според информациите од грчките медиуми, земјоделците привремено се откажале од блокадите со цел да не се создава дополнителен притисок и проблеми во периодот на зголемена празнична фреквенција.
Сепак, тие најавуваат дека протестите не се целосно прекинати и дека повторно би можеле да продолжат по завршувањето на празниците, доколку нивните барања не бидат исполнети.
Граничните премини меѓу Македонија и Грција во изминатиот период беа често затворани или функционираа со ограничен режим, што предизвика долги колони и значителни доцнења, особено за товарниот сообраќај.
Со најавеното отворање за празниците се очекува нормализирање на сообраќајот и олеснување на движењето за граѓаните кои планираат патувања кон или преку Грција во овој период.
