Connect with us

Црна Хроника

Македонија на трето место во Европа по убиства на жени од најблиските

Според најновите податоци на Евростат за 2023 година, анализирани од „Еуроњуз“, нашата земја зазеде загрижувачко трето место во Европа по стапката на убиени жени од партнер или член на семејството. Овие бројки ја осветлуваат мрачната реалност на родово-базираното насилство кое продолжува да ја загрижува македонската јавност.

Според статистиката, шест жени на милион жители во Македонија ја загубиле животната од рацете на блиски лица, што ја става земјата веднаш зад Латвија и Литванија. Латвија го држи црниот врв со 17 убиени жени на милион жители, додека Литванија е на второто место со 10. За споредба, просечната стапка во Европската Унија е 4,1 убиена жена на милион жители – речиси двојно помалку од македонската.

Евростат истакнува дека кога сторителите се партнери или членови на семејството, жените се жртви речиси двојно почесто од мажите. Најниски стапки во ЕУ, освен Малта, се бележат во Грција (1,8 на милион жители), Шпанија (2) и Холандија (2,3).

Податоците покажуваат дека бројот на вакви трагедии во ЕУ останува релативно стабилен во последната деценија, со блага стапка на раст, достигнувајќи 4,4 жени на милион жители во 2022 година.

Глобално, ситуацијата е уште алармантна. Според Обединетите нации, Африка е континентот со највисока стапка на фемицид – 30 жени на милион жители, а проценет број на жртви во 2024 година изнесува 22.600. Во поширокиот европски регион, стапката е пет жени на милион жители.

Околу 60% од овие убиствa се извршени од интимни партнери или членови на семејството. Обединетите нации ги квалификуваат ваквите злосторства како „фемицид“ – намерни убиства мотивирани од родово базирани фактори, вклучувајќи нееднакви односи на моќ, родови стереотипи и штетни општествени норми.

Advertisement

Црна Хроника

Тешка несреќа на автопатот Скопје- Велес

На 22.12.2025 околу 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Скопје- Велес, кај Катланово, патничко возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од О.П.(49) од Велес, излетало од коловозот. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. 

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Црна Хроника

Физички напад со остар предмет во Тетовско, едно лице повредено

policija tetovo

На 22.12.2025 во 16:40 часот во Полициското одделение Теарце бил пријавен случај на физички напад во селото Теарце. Според пријавата, околу 14:30 часот, по претходна расправија, Р.М.(41) од с.Теарце физички го нападнал З.Б.(53) од с.Слатино, при што употребил остар предмет и му нанел повреди.

Повредениот бил пренесен во Клиничката болница Тетово, каде што му биле констатирани телесни повреди. Осомничениот Р.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Црна Хроника

Пожар во Штип го проголта хангарот за картон и алуминиум

На 22 декември 2025 година, во 23:11 часот, во СВР Штип е пријавен пожар кој зафатил објект на улицата „Железничка“ во Штип, сопственост на 49-годишниот С.В. Од локалните власти информираат дека огнот најпрво го зафатил складираниот отпад, а потоа се проширил и на хангари во кои се наоѓале три преси за картон и алуминиум.

На среќа, при пожарот нема повредени лица, а интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Штип која брзо успеала да го стави огнот под контрола. Причините за избувнувањето на пожарот засега се во тек на истрага.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг