Евзони под блокада: Граница затворена за сите возила

Од 18:40 часот Граничниот премин Евзони е целосно затворен за сите видови возила кои сакаат да влезат во Грција, соопшти АМСМ. Исклучок се прави само за камиони што веќе се наоѓаат во меѓуграничниот простор.

Причината за блокадата се протестите на грчките земјоделци, кои веќе неколку недели организираат масовни блокади на повеќе патни правци во земјата. Земјоделците изразуваат незадоволство и со овој радикален потег го изразуваат својот револт кон владејачките политики.

Иако на влезот кон Грција сообраќајот е стопиран, камерите на преминот Богородица покажуваат дека на излез од Македонија нема чекање – возилата слободно поминуваат кон границата.

Сообраќајот во овој момент е во потполна застојна состојба, а граѓаните и превозниците се соочуваат со неизвесност околу продолжувањето на преминот.