Connect with us

Магазин

Transmission – Музичка вечер со Васил Хаџиманов и Александар Петров

Transmission е музички концепт во кој тапанот ги спојува традицијата и денешницата, акустичната и електронската музика.

20 години од музичката симбиоза и пријателство (по Кавадаречка линија), Александар Петров заедно со Васил Хадџиманов преку проектот Transmission ги сплотуваат традиционалното и модерното преку звукот на тапанот и електронската музика.

Составен од два дела, првиот посветен на нивните херои од детството Никола Бадев, Кирил Манчевски и Зафир Хадџиманов во придружба на единствената Тања Царовска, додека вториот ќе раскаже еден понов период на творење осврнат кон електронската музика, која некои љубители, познавачи и издавачи ја означуваат како ORGANIC – PROGRESSIVE – HOUSE.

Музика во живо со: ХАЏИМАНОВ – ЦАРОВСКА – ПЕТРОВ – ВАСИЉЕВИЧ – ШАРЕВСКИ

Почеток во 20 часот, во Станица 26 na 24 Dekmvri

Картите по цена од 1000 денари се продаваат во THREE BAR & KITCHEN, Soma и Чашка

Advertisement

Магазин

Лица“ на Ангел Коруновски – емпатија и бунт низ современата уметност

Во галеријата „Мала станица“ во Скопје од вчеравечер е отворена изложбата „Лица“ на македонскиот академски уметник Ангел Коруновски. Поставката вклучува педесетина дела – скулптури, цртежи и слики – и ги привлече љубителите на уметноста со својот уникатен и комплексен израз.

– Изложбата му е посветена на човекот, особено на оние маргинализирани во современиот глобален свет, кои страдаат поради неговите динамики. Секоја личност се изразува преку самоспознание, и ова е мојата порака до целото човештво – да се сетат на самите себе, вели Коруновски.

Поставката е составена од три дела. Првиот дел претставува монументална скулптура и патот до неа, создадени со цел да предизвикаат поинаква визура во галерискиот простор. Вториот дел се портрети на историски личности, обработени со специфична експресивна моделација. Третиот дел ги поврзува цртежите и сликарството, кои користат акција и реакција како метод за истражување на лицата како појдовна точка.

Коруновски објаснува дека инспирацијата доаѓа од денешницата и од потребата младите да се пронајдат себеси во свет преплавен со информации и технологија. – На младите им недостига ритуалот време и искуство, кое ние го стекнувавме бавно, но темелно. Секоја личност треба да се самоспознае, поради што ја посветив изложбата токму на тоа, истакнува уметникот.

Кураторот Горанчо Ѓоргиески додава дека поставката е замислена како надреален филм, кој започнува од средината и завршува со почетокот, прикажувајќи различни лица – од историски фигури до блиски луѓе на авторот – како сведоци на човечкото достоинство и отпорот кон хаосот и корупцијата во денешницата.

Скулптурите се изработени од полиестер и гума, додека сликарството користи комбинирана техника. Коруновски е дипломиран на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје и има завршено постдипломски студии на тема „Патот на цртежот до современата фигурација“.

Изложбата ќе биде отворена за посетителите до средината на февруари.

Извор: vecer.press

Continue Reading

Магазин

Холандско село сега наплаќа влез од 17,50 евра

selo holandija

Селото Зансе Сханс, познато по своите традиционални холандски ветерници, ќе почне да наплаќа влезница од пролетта. Цената на билетот ќе изнесува 17,50 евра, што ќе биде првпат посетителите да плаќаат за да ја доживеат магијата на ова историско место.

Причината е едноставна: притисокот на туристите станува неодолив. Минатата година Зансе Сханс го посетиле неверојатни 2,6 милиони луѓе, додека самото село има само 100 жители. „Имавме 1,7 милиони посетители во 2017 година, а сега се движиме кон 2,8 милиони. Но, ова е мало место, едноставно немаме простор за сите,“ вели директорката на Музејот, Марика Вервеј.

Претставниците на музејот објаснуваат дека многумина посетители не сфаќаат дека селото е живо, со вистински жители. Тие често влегуваат во приватни градини, тропаат на врати, фотографираат и дури користат стапчиња за да ѕирнат внатре. За да се заштитат мештаните и културното наследство, локалната власт смета дека наплатата на влезницата е неопходна.

Советот на Општината ја поддржа одлуката, со образложение дека приходите ќе се користат за долгорочно одржување и управување со селото. Сепак, не сите се согласуваат: некои жители, политички групи и локални претприемачи остро ја критикуваат мерката. Планираниот референдум за воведување на влезницата претходно беше одбиен, оставајќи ги споровите отворени.

Зансе Сханс, иако шармантно и идилично, се соочува со предизвикот да балансира помеѓу туристичкиот бум и секојдневниот живот на неговите жители – и тоа со цена од 17,50 евра по посетител.

Continue Reading

Магазин

Американската лотарија му донесе 1,8 милијарди долари на среќен добитник во Арканзас

dolari

По тримесечен период без добитник, американската лотарија Пауербол донесе милијарди среќа за еден играч во Арканзас. Добитните броеви кои го донесоа ова богатство беа 04, 25, 31, 52 и 59, со Пауербол бројот 19.

Со конечната продажба на лотовски тикети, џекпотот се искачи над очекувањата, станувајќи втор по големина во историјата на американската лотарија и најголемата Пауербол награда за оваа година. Победникот може да избере еднократна исплата во готово од 834,9 милиони долари.

Овој триумф доаѓа по 46 последователни извлекувања во кои никој не успеал да го погоди сите шест броеви. Последното победничко извлекување беше на 6 септември, кога двајца среќници од Мисури и Тексас делеле џекпот од 1,787 милијарди долари.

Организаторите на лотаријата истакнаа дека ова е вторпат џекпотот на Пауербол да биде освоен со тикет продаден во Арканзас, по првиот случај во 2010 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг