Connect with us

Република

ВЛЕН најавува изборна офанзива: Работа за Гостивар, обединување за Врапчиште

Општините не смеат да бидат прибежиште за политичко преживување, туку одговорност за работа, развој и вистинска услуга кон граѓаните. Во тој дух, коалицијата ВЛЕН го продолжува консолидирањето на изборните структури во пресрет на локалните избори закажани за 11 јануари.

Во Гостивар, како што се посочува, граѓаните добро паметат дека последниот период на сериозна и посветена работа бил за време на раководењето на Невзат Бејта. Денес, велат од ВЛЕН, време е градот повторно да се врати на вистинскиот пат, да се работи и да се санираат штетите од импровизациите. Во таа насока се зајакнува и изборната организација, при што Бахар Шабани ја презема одговорноста за раководење со изборниот штаб.

Во Врапчиште, потребата од поголемо внимание, развој и подобра благосостојба е очигледна. Зулхајрат Демири, независен кандидат поддржан од ВЛЕН, се истакнува како обединувачка фигура со широка поддршка од граѓаните. Тоа, според коалицијата, се одразува и во организацијата на кампањата, каде за раководител на изборниот штаб е избран Буњамин Кадриу.

Од ВЛЕН порачуваат дека локалните избори на 11 јануари се избор меѓу работа и импровизација, меѓу одговорност и политичко преживување, нагласувајќи дека секогаш ќе бидат на страната на граѓанинот, работникот и секој глас што бара функционални општини и подобар живот.

Advertisement

Република

Јавна расправа за урбанистичкиот план на новиот реонски центар во Нова Битола

Во салата на Советот на Општина Битола денеска се одржа јавна презентација на Деталниот урбанистички план за новиот реонски центар во населбата Нова Битола.

На настанот, граѓаните имаа можност детално да се запознаат со предлог-решенијата и активно да учествуваат во процесот со свои мислења, предлози и забелешки поврзани со планираниот развој на просторот.

Предложениот план предвидува создавање модерен и функционален урбан простор, со изградба на нов спортски комплекс, детска градинка, дом за стари лица, плоштад и повеќе јавни содржини наменети за жителите на овој дел од градот.

Јавната анкета за планот ќе трае до 16 јануари 2026 година, а заинтересираните граѓани дополнителни информации можат да добијат преку официјалната интернет-страница на Општина Битола.

Continue Reading

Република

Тоневски: Празнична радост од дечињата од градинката „Срничка“ во Општина Пробиштип

Во духот на новогодишните и божиќните празници, просториите на Општина Пробиштип денеска беа исполнети со детска радост и празнична атмосфера благодарение на посетата на дел од дечињата од детската градинка, објект „Срничка“.

Со искрени насмевки, ведрина и празнична магија, најмладите внесоа топлина во општинската зграда, создавајќи пријатна и емотивна атмосфера за сите присутни.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, истакна дека децата се срцето и иднината на секоја заедница и дека нивната безгрижна радост е најубав потсетник за вистинските вредности во општеството.

Тоневски им упати искрени честитки за претстојните празници, посакувајќи им на дечињата среќна, здрава и успешна Нова година, исполнета со љубов и детска смеа. Тој упати и благодарност до вработените во градинката „Срничка“ за нивната грижа, посветеност и љубов кон најмладите.

Continue Reading

Република

Камери за контрола на сообраќајот поставени на улиците во Тетово

Во Тетово започна поставувањето на камери од системот „Безбеден град“ на повеќе градски улици и булевари. За разлика од претходно, кога вакви камери имаше само на влезот во градот од скопска страна, сега тие се инсталираат и во самото градско подрачје.

Камери веќе се поставени на булеварите „Илинден“ и „Видое Смилевски-Бато“, а жителите велат дека забележале уреди и на други локации низ градот.

Граѓаните очекуваат новиот систем да помогне во намалување на сообраќајниот хаос, кој со години е еден од најголемите проблеми во Тетово.

„Поставувањето камери е неопходно со оглед на тоа каков сообраќаен хаос владее во градот. Останува да се види дали навистина ќе има ефект и дали граѓаните ќе почнат повеќе да ги почитуваат правилата“, вели жител на Тетово.

Други граѓани сметаат дека електронскиот систем ќе ја намали можноста за избегнување казни. „Тетово отсекогаш било специфично кога станува збор за почитување на сообраќајните правила. Но, кога казнувањето е автоматизирано, потешко е да се избегне одговорност“, истакнува жителка на градот.

Камери од системот „Безбеден град“ веќе се поставени во Скопје и Куманово, како и на автопатите „Мајка Тереза“ и „Пријателство“. Тест-периодот започна на 1 декември, а системот со изрекување казни официјално ќе почне да функционира од 1 февруари. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека во првите 24 часа од тестирањето биле регистрирани над 110 илјади сообраќајни прекршоци.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг