Connect with us

Економија

100 возила за „Македонска пошта“: Подобрување на услугите и заштита на државниот капитал

„Македонска пошта“ ќе добие 100 нови возила како донација од Владата, што ќе ја подобри достапноста и квалитетот на поштенските услуги низ целата земја. Од вкупниот број, 90 ќе бидат помали комбиња, а 10 големи комби возила, наменети за поголема оперативна ефикасност.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на јавниот состанок на Агенцијата за пошти истакна дека целта е заштита и развој на државниот капитал, како и подигање на квалитетот на услугите кон граѓаните. Тој најави законски измени и консултации со сите чинители на поштенскиот пазар за унапредување на условите за работа во „Македонска пошта“.

– Многу е лесно профитабилниот дел од пазарот да се земе, додека „Пошта“ ја носи целата општествена одговорност. Ситуацијата мора да се промени – потенцира Николоски, нагласувајќи дека целта е државната компанија да се издигне, а не да пропаѓа.

Тој посочи дека Агенцијата за пошти има клучна улога во регулацијата на пазарот, заштитата на конкуренцијата и правата на корисниците. Во моментов на пазарот се регистрирани 29 правни лица, што укажува на висока конкуренција.

– Со новите мерки ќе се работи на зголемување на ефикасноста на услугите преку намалување на трошоците до 15 проценти и подобрување на индикаторите за профитабилност за ист процент – додаде Николоски.

Advertisement

Економија

Над 250 килограми риба пуштени во акумулацијата „Стрежево“ за одржување на биолошката рамнотежа

ЈП „Стрежево“ успешно го реализираше порибувањето на акумулацијата „Стрежево“ на локацијата брана Стрежево, со внесување на над 250 килограми рибен подмладок од видот крап. Активноста е спроведена во согласност со важечката Риболовна основа и договорот за користење на риби и други водни организми, склучен меѓу Владата на Република Македонија и ЈП „Стрежево“.

Рибата е еден од најдиректните индикатори за квалитетот на водата, а ваквите активности придонесуваат кон одржливо управување со рибниот фонд и зачувување на биолошката рамнотежа во акумулацијата.

ЈП „Стрежево“ останува посветено на заштита на животната средина и одговорно управување со природните ресурси, со цел обезбедување здрави и одржливи водни екосистеми.

Continue Reading

Економија

Индустријата за виски во криза

Јапонскиот гигант „Сантори Глобал Спиритс“ објави дека главната фабрика за виски бурбон „Џим Бим“ во Кентаки ќе го запре производството во текот на следната година. Компанијата соопшти дека периодот ќе го искористи за инвестирање во подобрувања на фабриката, но одлуката е делумно мотивирана и од намалената продажба во Канада и неизвесноста предизвикана од трговските политики на американскиот претседател Доналд Трамп.

Останатите објекти на „Џим Бим“ низ САД, вклучувајќи ги посебната дестилерија, објектите за флаширање и складирање, ќе продолжат со работа следната година. Центарот за посетители во Кентаки исто така ќе остане отворен. Вработените во главната фабрика, каде работат околу 1.000 лица, ќе бидат на одмор додека трае прекинот во производството.

Здружението на дестилерии од Кентаки (KDA) соопшти дека количината на бурбон во магацините низ целата држава достигна рекордно ниво од повеќе од 16 милиони барели. Американските дестилерии се соочија со одмазднички увозни царини откако САД воведе такси за увозот на стоки од повеќето земји, а трговските тензии со Канада дополнително го намалија извозот на американски жестоки пијалоци.

Компанијата нагласува дека прекинот на производството е привремен и дека целта е да се прилагодат капацитетите на фабриката на тековната побарувачка и пазарните услови.

Continue Reading

Економија

Дигиталните алатки го менуваат начинот на плаќање: Погледнете како ќе ви ги пресметаат сметките оваа зима

„Електродистрибуција ДООЕЛ“ Скопје, по налог на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), презеде нов сет мерки со цел потрошувачите да добиваат сметки базирани на реална, а не проценета потрошувачка.

Процентот на редовно отчитување на броилата е зголемен на 95 отсто на тримесечно и на 90 отсто на месечно ниво. Дополнително, таргетирани се 10.000 потрошувачи кои во изминатите две години поднеле приговори или поплаки, со кои е започната етапна телефонска комуникација.

Во пресрет на зимските месеци, РКЕ одржа координативен состанок со раководството на „Електродистрибуција“, на кој беа презентирани мерките за подобрување на услугата и воспоставување поефикасна двонасочна комуникација со потрошувачите. Од компанијата информираа дека за време на празниците и викендите ќе работат вонредни екипи, за да се обезбеди редовно отчитување на броилата и точни сметки.

Од 1 декември годинава, компанијата ги прошири дигиталните услуги, вклучувајќи онлајн корекција на фактури, како и поддршка за креирање кориснички профили и користење на дигиталните алатки. Потрошувачите остануваат во можност да користат услуги како „Пријави состојба“, „Е-фактура“ и јасната ознака на фактурите со „О“ за отчитана состојба или „М“ за проценета состојба.

РКЕ и „Електродистрибуција“ апелираат до граѓаните и во текот на зимскиот период да продолжат со одговорно и рационално користење на електричната енергија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг