Connect with us

Македонија

ВЛЕН до Беџети: Во колку казина има свој удел и каде е другар му Груби?

„Каде е Груби и во колку казина црпи личен приход“ – ВЛЕН со прашање до Блерим Беџети

ВЛЕН преку соопштение уште еднаш го потврдува својот јасен став: „нашата борба е за затворање на казината и заштита на семејствата, додека ДУИ сеуште е составена од истите луѓе што отвараа казина, а денес глумат морални револуционери“. Во досегашниот период, како што велат од коалицијата, Владата на ВЛЕН успеа да затвори 226 нелегални он-лајн казина, кои се блокирани само во последната година, а активноста во секторот е намалена за 40 %.

„ВЛЕН ја продолжува својата борба против коцкарскиот бизнис, како во сегментот на онлајн коцкањето, така и преку подготовка на нов рестриктивен закон. Тоа ги плаши ДУИ. Тоа го плаши Блерим Беџети.

Го прашуваме Блерим Беџети: Во колку казина тој има свој удел и од колку казина црпи личен приход? Кои казина беа под негова капа, а кои под капа на Артан Груби? Колку апарати за казина купија за време на нивната власт од државен буџет? Каде е другар му Артан Груби? А каде е Перпирим Бајрами? Каква е соработката на ДУИ со српското и црногорското подземје на кое им доделија лиценци за казина“, прашуваат од коалицијата составена од неколку партии.

Како што се додава во партиското соопштение, “ВЛЕН не тргува со судбините на граѓаните, туку ќе затвора, блокира и регулира“.

„ДУИ 20 години ја користи коцката како банкомат, отвора, финансира и шири. Граѓаните јасно гледаат кој е на страната на семејствата, а кој на страната на облогот“, порачуваат од ВЛЕН.

Извор: Локално

Advertisement

Македонија

Камерите на „Сејф Сити“ ќе имаат толеранција: Познати деталите за казнувањето

Толеранцијата при мерење на брзината кај камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде целосно усогласена со онаа што веќе се применува кај полициските радари, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Гостувајќи во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, Тошковски појасни дека ќе важи толеранција од 6 километри на час за брзини до 100 км/ч, 8 километри на час за брзини над 100 км/ч и 12 километри на час за брзини над 200 км/ч. Оваа толеранција, како што истакна, се однесува исклучиво на сообраќајни прекршоци и не важи во случаи кога е сторено кривично дело поврзано со сообраќајот.

Министерот нагласи дека системот „Сејф Сити“ ќе ги процесуира и службените возила доколку тие не се користат во рамки на оправдани оперативни дејствија. Возилата на итната медицинска помош, пожарната, МВР и Министерството за одбрана нема да бидат предмет на санкции само доколку брзото возење е оправдано со нивната службена задача.

„Кога службените возила постапуваат во рамки на своето оперативно делување, нема да бидат санкционирани. Но, доколку нема оправдана причина за брзо возење, казните ќе важат и за нив“, изјави Тошковски.

Тој додаде дека системот ќе изрекува казни исклучиво во случаи на нерегуларно управување со моторно возило, кога употребата на службеното возило не е во согласност со законските и оперативните правила.

Воведувањето на „Сејф Сити“ отвори и поширока јавна дебата за законските и практичните аспекти на системот, неговата ефикасност и дилемата дали мерката е пред сè насочена кон подобрување на безбедноста во сообраќајот или има и фискална димензија – тема што, според најавите, ќе остане актуелна и во наредниот период.

Continue Reading

Македонија

Наставници без факултет предавале во Ростуше, Велебрдо и Требиште

nastavnik

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против 64-годишниот А.С. од село Ростуше, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувањето. Како директор на основно училиште во своето село, тој, според истрагата, овозможил вработување на наставници без потребните квалификации.

Според Државниот просветен инспекторат, кој на 19 септември 2025 година извршил инспекциски надзор, настава на учениците во Ростуше, Велебрдо и Требиште предавале лица кои не ги поседувале законски утврдените студиски квалификации. Ова, според законот за наставници и стручни соработници, ги прави неспособни да извршуваат наставни обврски.

Обвинението тврди дека директорот намерно ги злоупотребил своите овластувања, дозволувајќи на нестручен кадар да работи со ученици, што претставува сериозно кривично дело и може да има долгорочни последици врз образовниот процес во овие села.

Continue Reading

Македонија

Дали навистина цијанид ги однел животите? Родителите се сомневаат, обвинителството тврди: нема причина за нова обдукција

Смртта на децата загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ продолжува да буди сомнежи и прашања кај семејствата на жртвите. Родителите тврдат дека обдукцискиот извештај, кој го утврдува јаглеродниот моноксид како причина за смртта, не е доволен и отворен е простор за дополнително, независно вештачење. Особено, тие се сомневаат дека цијанидот ослободен при согорување на токсичните материјали во таванот можеби бил клучниот фактор за брзата смрт на нивните деца.

„Цијанидот е можен, но нема анализи. Има сериозен јаз меѓу институционалните тврдења и обдукциската документација, а тоа го остава прашањето за вистинската причина за смртта на нашите најмили отворено“, вели Александар Наунов, татко на загинато девојче и претседател на Здружението „16 Март 2025 Кочани“.

Според него, иако обдукцискиот наод утврдил присуство на јаглероден моноксид, останатите токсиколошки анализи се уште не се доставени до семејствата. „Дали е направена конкретна анализа за цијанид и други отровни гасови во телата? Обдукцискиот извештај го остава тоа неодговорено“, додава Наунов.

Од Основното јавно обвинителство, сепак, велат дека нема причина за дополнителна обдукција или ексхумација. Според нив, вештачењата на Институтот за хемија и МВР-ОФИ веќе потврдија веројатност за ослободување на цијанидни гасови при согорувањето на материјалите во клубот. Исто така, судската медицина утврдила дека дополнителна кислородна или друга терапија немала да го промени исходот, бидејќи покрај јаглеродниот моноксид, кај жртвите биле присутни и цијаниди и термички оштетувања на дишните патишта.

Сепак, семејствата остануваат незадоволни. „Имаме три неспорни факти: ослободување на цијанидни гасови, обдукциски наод кој наведува само јаглероден моноксид како причина, и признавање дека останатите токсиколошки анализи допрва треба да се достават. Без тие податоци, не можеме со сигурност да тврдиме дека причината за смртта е точно утврдена“, изјави Наунов.

Обвинителството, од своја страна, потенцира дека материјалите кои произведувале отровни гасови биле вградени уште од отворањето на клубот во 2012 година, а тоа влијаело врз определувањето на обвинителниот акт и опсегот на обвинетите.

Судењето продолжи со воведните зборови на обвинетиот сопственик на обезбедувањето „Рубикон“, Александар Нацев. Тој тврди дека е жртва на медиумски линч и обвинувања, а дека државните органи за превенција и надзор се тие кои носат главна одговорност. „Дури и Орвел би позавидел на оваа конструкција“, рече Нацев, алудирајќи на, како што вели, политизирано префрлање на вината.

Во следните фази од судењето се очекува испрашување на сведоци и детално разјаснување на околностите на трагедијата, кои семејствата ги сметаат за неодговорени и клучни за воспоставување на вистината.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг