Connect with us

Република

АЛАРМАНТНО: 33 пожари на отворено – 7 активни, огнот беснее во Радовиш, Берово и Прилеп

Состојбата со пожарите на територијата на Македонија е алармантна. Заклучно со утрово, во периодот од 24 до 25 јули, регистрирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 7 се активни, уште 7 се под контрола, а 19 се изгаснати, соопштуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Најопасните жаришта и понатаму се борат со огнената стихија. Во општините Василево, Радовиш и Берово, гори обемен предел на планината Голем Готен и Малешевските Планини. Пожарите таму зафатија нискостеблести шуми, смрека и густа ниска вегетација. Особено критично е и кај селото Бешиште во Прилеп, каде огнот се шири кон село Градешница, опфаќајќи мешана шума на ризичен терен.

Во Македонски Брод, пожарот околу селото Црешнево зафати ниска вегетација, а слична е ситуацијата и во Штип – кај селата Драгоево и Селце гори прнар, нискостеблеста шума и сува трева. Активни жаришта има и во Кочани (село Нивичани), Карбинци (Јунузлија) и во општина Зелениково (село Гумалево), каде пламените јазици голтаат шуми и пасишта.

Иако дел од пожарите се ставени под контрола, состојбата таму бара будно следење. Таков е случајот со пожарот меѓу селата Царевиќ и Смолани во Прилеп, како и кај селото Латово во Македонски Брод и неколку жаришта околу Локвица и Крапа.

Во Ресен, кај селото Долно Перово, изгоре простор со трска и ниска вегетација. Во Желино, пожарот меѓу селата Церово и Групчин се прошири низ деградирана шума. Од друга страна, позитивна е веста за деветнаесет изгаснати пожари во последните 24 часа – меѓу нив и пожари во Шуто Оризари, Гази Баба, Аеродром и Студеничани, главно предизвикани од запалено ѓубре или ниска вегетација, често на диви депонии (како онаа во Тризла – Прилеп и Дрисла – Скопје).

Во Куманово беа регистрирани три пожари со запалена сува трева, а изгаснати се пожари и во Радовиш, Гостивар и Зелениково. Во Сопиште, огнот зафатил напуштен објект, но бил навремено изгаснат.

Надлежните апелираат до граѓаните да се воздржат од палење стрништа, отпад или користење отворен оган во природа. ЦУК продолжува со зголемено следење на состојбата, предупредувајќи дека поради нестабилното време, ризикот од нови пожари останува висок.

Advertisement

Република

„Водовод“ Битола со инвестиции од 65 милиони денари во 2026: Фокус на стабилизација и намалување на загубите

Јавното претпријатие „Водовод“ Битола во 2026 година планира реализација на повеќе од 14 проекти, со вкупна вредност од околу 65 милиони денари, со цел зголемување на приходите и постепено намалување на финансиската загуба.

Директорот на претпријатието, Андреј Гинов, информира дека 2024 година „Водовод“ ја завршил со загуба од 61 милион денари. Вкупните приходи изнесувале 284 милиони денари, додека расходите достигнале 346 милиони денари. Од наплата на вода од правни и физички лица биле остварени 262 милиони денари, а од останати активности околу 22 милиони денари.

Најголем дел од расходите, како што појаснува Гинов, се однесуваат на електричната енергија, сирова вода и платите. Само за електрична енергија биле потрошени 43 милиони денари, за сирова вода кон хидро-системот „Стрежево“ 50 милиони денари, а за плати 148 милиони денари. Со вклучен ДДВ, овие три ставки достигнуваат околу 280 милиони денари, што е речиси целокупниот приход на претпријатието, и покрај високата наплата на сметки од околу 95 проценти.

Гинов направи споредба и со претходните години, нагласувајќи дека во 2021 година „Водовод“ имал 227 вработени со трошок за плати од 107 милиони денари, додека во 2024 година со 205 вработени, трошокот за плати изнесувал 148 милиони денари. Во 2025 година, поради зголемувањето на минималната плата, овој трошок се искачил на 158 милиони денари. Според него, во периодот од 2019 до 2025 година, бруто-платите се зголемиле за 62 милиони денари.

Како главни причини за загубата се посочуваат високата цена на електричната енергија, зголемените трошоци за сирова вода од „Стрежево“, како и поскапувањето на репроматеријалите. За надминување на овие предизвици, во 2025 година, во соработка со Општина Битола, биле изградени над 7 километри нова водоводна мрежа, во вредност од 40 милиони денари.

Во насока на намалување на трошоците, „Водовод“ изработил проект за поставување фотоволтаици и аплицирал со проект поддржан од Швајцарската амбасада, за инсталација на соларни панели на објектите во стопанскиот двор, со што значително ќе се намалат трошоците за електрична енергија.

Паралелно, подготвен е и проект за нов потисен цевковод, кој ќе овозможи зголемено испумпување вода од хидро-системот „Стрежево“ во летниот период. Со замената на постојниот цевковод Ф700 со нов Ф800, ќе се подобри притисокот на водата, ќе се намалат загубите и ќе се обезбеди стабилно водоснабдување на градот во наредните 50 години.

Минатата недела во Битола беше одржана и панел-дискусија посветена на подобрување на услугите што јавните претпријатија им ги нудат на граѓаните, на која беа отворени прашања за финансиската одржливост и ефикасноста на јавниот сектор.

Continue Reading

Република

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ НА СЕДНИЦА НА РЕГИОНАЛНАТА СТОПАНСКА КОМОРА

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски денеска присуствуваше на 21-та свечена предновогодишна средба на Управниот одбор на Регионалната стопанска комора со седиште во Битола.

На дневен ред беше работата на Регионалната комора во 2025 година, како и предлог програмата за активностите во 2026 година.

Градоначалникот со своето присуство имаше можност да ги слушне предлозите и проектите кон побрз економски раст и развој на Пелагонија и Преспа за 2026 година.

Уште еднаш беше истакната важноста на долгогодишната соработка на Општина Битола со Регионалната стопанска комора, со цел побрз економски развој на регионот.

Continue Reading

Република

Утре голем дел од Тетово и околината без електрична енергија

Голем дел од Тетово и неколку околни населени места утре (25 декември) ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето, информираат надлежните служби.

Според најавата, прекините ќе се реализираат во периодот од 06:00 до 07:00 часот, а ќе бидат опфатени повеќе локации во градот Тетово, како и населбите и селата Жилче, Гургурница, Озормиште, Селдарево, Сиричино, Требош и Шемшево.

Во Тетово, без струја ќе бидат делови од градот, вклучувајќи објекти во населбите Поток и Дреновец, околината на болницата, улиците Сандански и 29 Ноември, централното градско подрачје, Горна чаршија, кај Културниот дом, Гимназијата, Ленин, блок 70, како и објекти во близина на Комерцијална банка и Малиот хидроенергетски центар.

Од надлежната институција апелираат до граѓаните навремено да ги прилагодат своите активности и да имаат разбирање, посочувајќи дека прекините се неопходни заради одржување и подобрување на електроенергетската мрежа.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг