Connect with us

Култура

„Илинденски денови 2025“ – Битола испрати разгледница до светот со богатство од традиции и култури

Со последните звуци на тапани и ора, денес заврши 55. издание на фестивалот „Илинденски денови“ во Битола – настан кој и оваа година ја претвори градската сцена во вистинска разгледница од Македонија до светот.

Преку десетици настапи, изложби и уметнички перформанси, фестивалот донесе автентична фолклорна магија во градот под Пелистер, каде што беа претставени културните богатства на Македонија, но и на гости од Мексико, Грузија, Полска, Швајцарија, Хрватска и др.

Битола пулсираше во ритамот на народните игри, песни, носии и инструменти, а илјадници посетители имаа можност да уживаат во искрената енергија на сцената. Секоја изведба беше како жива разгледница, испратена со љубов од Битола до светот, симбол на заедништво, мир и културно поврзување.

Фотографите Ивона Кочов и Диоген Хаџи Коста Милевски го документираа фестивалот во кадри што ќе останат како сведоштво за духот на „Илинденски денови 2025“.

Фестивалот завршува, но впечатокот останува – дека културата зборува на универзален јазик, а Битола со гордост ја носи титулата културен амбасадор.

Advertisement

Култура

Постхумно признание: Орденот „Свети Никола“ за академик Јордан Поп Јорданов

Општина Штип со длабока почит и гордост се подготвува да му оддаде постхумна чест на еден од своите најголеми синови, академик Јордан Поп Јорданов, третиот претседател на МАНУ и светски признат физичар! Традиционалниот Орден „Свети Никола“, кој го доделува градоначалникот, оваа година ќе биде врачен на семејството на починатиот академик, како круна на неговото извонредно животно дело.

Свечениот чин ќе се одржи на 18 декември во рамките на Свечената академија во велелепниот Соборен храм „Свети Никола“ во Штип.

Академик Поп Јорданов е вистински пример за македонски и светски научен великан. Своето образование го трасирал од штипската гимназија, преку студии по филозофија во Скопје и електротехника во Белград, па сè до докторатот по техничка физика во српската престолнина.

Неговата кариера е блескава: автор на бројни универзитетски учебници, потписник на околу 300 научни трудови и носител на голем број престижни награди. Неговата експертиза ја ценеле и други академии, чиј член бил. Неговото значење е потврдено и со Орденот за заслуги за Македонија уште во 2007 година. Сега, родниот град му се оддолжува со највисокото признание.

Чествувањето на 19 декември, патрониот празник Свети Никола, започнува уште на 18-ти со програма посветена токму на академикот.

На18 декември, во 16:00 часот, големата сала на Советот на Општина Штип ќе биде домаќин на презентација на ликот и делото на Поп Јорданов, придружена со изложба во холот.

Во 17:00 часот ќе следува Свечена литургија и Академија во храмот „Свети Никола“, каде што ќе бидат врачени Орденот и четирите признанија „Свети Никола“.

Прославата кулминира на 19 декември со традиционалната утринска свечена литургија во Соборниот храм, проследена со свечена литија до шеталиштето „Ванчо Прќе“, каде што ќе се изврши чинот на кршење на славскиот колач.

Штип со достоинство и гордост го слави својот патрон и се поклонува пред делото на еден од своите најистакнати граѓани.

Continue Reading

Култура

Битолски оркестар „Дива“ со два новогодишни концерти вечерва во Битола

Битолскиот оркестар „Дива“ вечерва, 15 декември, ќе одржи два новогодишни концерти во Центарот за култура во Битола – првиот со почеток во 19 часот, а вториот во 21 часот.

Концертите се дел од традиционалниот настан „Виена во Битола“, кој со години претставува еден од најпрепознатливите музички белези на градот и значаен дел од неговиот културен идентитет. По неколкугодишна пауза, овој новогодишен концерт повторно е вратен на сцената благодарение на Битолскиот камерен оркестар „Дива“.

Настанот доаѓа по големиот успех на концертот „Цветна симфонија“ во Скопје, кој на 30 ноември ја исполни салата на Филхармонијата.

Покрај Битолски оркестар „Дива“ и Камерниот оркестар на Битола, на сцената ќе настапат и Марија Наумовска-Бакрески, Јелена Јовановиќ од Србија, Тамара Ангеловска, како и првенци и солисти од Националната опера и балет, заедно со мешаниот хор при КУД „Стив Наумов“.

Публиката ќе има можност да ужива во најпознатите виенски валцери и полки, изведени од врвни уметници од Македонија и регионот. Со оркестрите ќе диригира маестро Владимир Димовски, чие долгогодишно искуство, визија и посветеност го вратија новогодишниот концерт на заслуженото место меѓу највредните културни традиции на Битола.

Continue Reading

Култура

„Гласот на гајдата“: Вечер посветена на македонската гајдарска традиција

Во понеделник, 15 декември, со почеток во 19:00 часот, во Библиотеката „Браќа Миладиновци“ на булевар „Партизански одреди“ ќе се одржи настан кој ќе биде вовед во Меѓународниот фестивал „Гласот на гајдата“.

Публиката ќе има можност бесплатно да ужива во изведби на истакнати македонски гајдаџии и нивните потомци – жив доказ за континуитетот и силата на традицијата на изворната македонска музика.

Бројот на места е ограничен, а влезот е бесплатен.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг