Connect with us

Инфо +

Од султанот во 1903-та до неодамна, никој друг не го забранил називот „Македонија“

Според мое мислење, Македонија, во последните неколку години постепено, за да конечно во 2020-та стане центар на регионалната дестабилизација. Тоа се случи, во голема мера, поради внатрешните политички превирања, отсуството на владеење на правото, неспособноста и ароганцијата на домашните политички елити, изразената корупција, криминалот и алчноста, но делумно и поради сличните појави и однесувања во дел од ЕУ-државите. Резултатите од дестабилизацијата се веќе видливи во Македонија катадневно, на пример во, благо речено, дивеењата што се случуваат во повеќе институции и на повеќе нивоа. Тие што тоа не го гледаат, всушност, од ним (не)познати интереси, не сакаат да го видат – порача претседателот на МАНУ,Љупчо Коцарев, на годишното собрание на Академијата.

Пренесуваме извадок од говорот на претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев.

„Што треба да направи МАНУ?

Од временска дистанца од две години од потпишувањето на Спогодбата од Преспа, промената на Уставот и имплементацијата на Спогодбата, постои потреба да се разгледаат ефектите низ неколку аспекти: покрај геополитичкиот (глобален и регионален) аспект, треба да се земе предвид и аспектот на европската интеграција, но и внатрешните аспекти на (не)владеење на правото, демократските принципи, отчетноста и легитимитетот, вклучувајќи го и влијанието врз интра- и интеретничките односи во земјата. МАНУ треба да создаде форум за отворена академска дебата на која ќе се слушнат различни мислења, а ниту една тема, па ни Преспанската спогодба, не смее да се третира како табу-тема.

Нема потреба од идеализираниот пристап според кој спогодбите се исклучиво штетни/корисни. Спогодбите не се запишани во камен, а нивната вредност се мери само преку тоа колку даваат одговор на предизвиците и потребите на општеството. Се разбира, МАНУ треба да направи детална анализа на одредбите од договорите со Бугарија и со Грција, со посебен осврт на инхерентната поврзаност на спогодбите, кои веќе создаваат синергија која не беше предвидена или беше превидена во времето кога се потпишуваа двата договори.

Како понатаму?

Ќе понудам само една размисла. Според многу истражувања, моралните избори се возможни, „но луѓето се наклонети да ги поддржуваат професионалните“ и (не)етичките „кодови на апстрактната државна машинерија“. Така, на пример, одбивањето да се учествува во геноцидот над Евреите не било казнуван со смрт ниту со каква било неправда. Или, во некои држави, оние што одбиле да соработуваат со тајните служби на комунизмот не претрпеле никаква лична штета. Моралните избори треба да се однесуваат не само на поединци туку и на институции, вклучувајќи држави.

Кои се нашите морални избори? За моралниот избор на секој поединец, граѓанин, академик, оставам тој сам да реши. Моралниот избор на МАНУ е преточен во многу документи на МАНУ, за 2020 година, тоа се, на пример, Промеморијата за државотворноста и идентитетот на македонскиот народ и ставовите на МАНУ во врска со реформите во образованието. Моралниот избор на државата Македонија е јасен: за државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава. Ваквиот избор нема да имплицира неправда кон државата Македонија ниту нанесување каква било штета, напротив, тој ќе значи поголемо почитување од другите држави. За нас, Македонците, ваквиот пристап ќе значи само спокој и достоинство.

Едмон Бушие де Бел, кој заземал висока функција во главниот штаб на Источната армија, во Солун, и загинал во 1917 г., во завршните битки во Македонија, ќе ја напише книгата “Македонија и Македонците” (објавена постхумно во Париз и наградена од Француската академија), во која со автентични сведоштва пишува дека „Македонците имаат свој говор, кој не е ни српски ни бугарски“, тврдејќи во книгата „дека би се направила огромна грешка ако на Македонците се гледа како на етничка материја што може да се меси и дотерува по волја“. Неверојатно, сто години подоцна, ние дозволивме, преку договорите со Грција и со Бугарија, на нас да „се гледа како на етничка материја што може да се меси и дотерува по волја“.

(…)

Овој текст ќе го завршам со три пораки.

Прво. Македонија ќе мора да знае „што и каде понатаму“, дури и ако другата страна, тука пред сѐ мислам на ЕУ, нема намери да нѐ прими во своите редови. Ми се чинат неприфатливи изјавите, најмногу на политичарите, од типот „никогаш“ и „нема алтернатива“. Синтагмата „ЕУ е единствена алтернатива“ е сосема погрешна – многу е подобро да зборуваме, на пример, дека ЕУ е најдобрата од повеќето алтернативи. Или, слично. Вака, ако ЕУ од повеќе причини го стопира целосно процесот на проширување или го одложи за подолг период, што ќе значи тоа за Македонија? Со други зборови, ја поддржувам политиката дека европскиот пат е приоритетен, но не и единствен пат за Македонија.

Второ. Македонското име, јазик, култура, идентитет, историја, национална свест и самобитност се суверено, нераскинливо и неотуѓиво универзално право на македонскиот народ. Парадоксално и жално, некои од овие права ги загубивме во потрагата по античкото минато, додека се чини дека сите тие права ќе ги загубиме, наскоро, во името на европската иднина. Се плашам дека, како и многупати досега, она што сега се прави, за потребите на македонскиот внатрешнополитички амбиент, е наоѓање рамка што ќе создаде привид дека македонскиот идентитет и јазик не се загрозени, засегнати. Затоа, повикувам 2021 да биде година во која еднаш засекогаш ќе се договориме, со акламација, и тоа е услов за влез во ЕУ, дека македонското име, јазик, идентитет, историја имаат повеќевековна традиција во и надвор од границите на денешна Македонија.

Трето. Мене ми се познати само два државни документи со кои се забранува употребата на терминот Македонија. Првиот документ, од 25 март 1903 година, е наредбата на султанот Абдул Хамид II со која се забранува употреба на називот „Македонија“. Повеќе американски весници, тогаш, коментирајќи го спроведувањето на наредбата, пишуваат за цензурирањето на Библијата. Така, на пример, весникот „The Times Dispatch“ од 5 јули 1903 година, на страница 3, пишува: „Американската библиска издавачка куќа, задолжена за печатење на светата книга, официјално беше спречена од турскиот цензор, кој го забрани зборот ’Македонија’ во посланијата на апостолот Павле и инсистира истиот тој да биде заменет со ’Вилаетите Солун и Монастир’ за да дозволи да се печати Библијата“. За вториот документ нема да проговорам тука. Меѓутоа, впечаток е дека состојбата, во која се наоѓаат денес многу институции и граѓани на Македонија, поради користењето на името Македонија и придавките што произлегуваат од тоа име, е грда, непријатна, одвратна, застрашувачка. Што ни останува нам? Се надевам дека нема да дозволиме, во 21 век, Библијата да биде цензурирана.

Свет

Асад: Офталмологот на елитата во Москва

Башар ал-Асад, човекот кој ја претвори Сирија во поле на смртта, сега живее „тивка и луксузна“ бајка во Русија. Според The Guardian, сменетиот претседател реши да го замени воениот оклоп со бел лекарски мантил – и тоа како офталмолог на московската елита.

Како да е извлечен од страница на најдраматичен политички роман, Асад сега мирно студира медицина и го учи рускиот јазик, додека, наводно, води живот во огромен луксуз. Но, ова не е приказна за искупување. Додека Сирија крвари под товарот на неговото наследство, човекот одговорен за тортура, хемиски напади и стотици илјади смртни случаи, сега „работи за душа“, гледајќи ги луѓето право во очи – во мирната, богата Москва.

Се чини дека оваа „хуманитарна“ професија е далеку од мотивирана од финансиска потреба. „Гардијан“ открива дека во периодот 2018–2019 година, Асад успеал да префрли неверојатни 250 милиони долари во готовина во Русија. Како круна на оваа златна егзистенција, неговото семејство, наводно, поседува 20 луксузни апартмани во руската престолнина.

Контрастот е суров и застрашувачки: Додека Сирија е во рушевини, човекот кој ја удави земјата во крв сега живее живот на принц, безгрижно третирајќи го видот на руските богаташи.

NEXTA on X: “🤡 Assad — an ophthalmologist for Moscow’s elite Ousted Syrian president Bashar al-Assad has decided to start a new life in Russia — becoming an ophthalmologist and treating Moscow’s elite, The Guardian reports. According to the paper, Assad is already studying medicine, https://t.co/QoY2DMCV9d” / X

Continue Reading

Свет

Голема заплена кокаин на грчки брод во Атлантикот

Грчките власти, во соработка со американската DEA, открија и запленија големо количество кокаин на брод кој пловел низ Атлантикот. Според првичните информации, станува збор за неколку тони дрога, што ја прави оваа акција една од поголемите заплени на кокаин во последните години. Во рамки на истрагата уапсени се најмалку пет лица, меѓу кои и лица поврзани со организирани криминални мрежи кои се занимаваат со меѓународна трговија со дрога.

Бродот, кој тргнал од Грција кон Латинска Америка за да преземе товар, бил запрен при враќањето кон Европа. Полицијата истакнува дека истрагата е во тек и дека се работи на целосно разоткривање на шемата, вклучувајќи ги сите учесници и можните дистрибутивни мрежи.

Оваа заплена е дел од пошироките напори на меѓународните власти да се сузбие трговијата со дрога, која во последните години бележи пораст на илегалните транспортни операции преку морски патишта. Експертите предупредуваат дека ваквите акции се од критично значење за зачувување на безбедноста и намалување на дрогата што стигнува на европските пазари.

Continue Reading

Европа

Донбас е само почеток: Путин има поголеми амбиции, денес се носи одлука за нови санкции

kaja kalas

Шефицата на надворешната политика и безбедност на Европската Унија, Каја Калас, денес предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин нема да се задоволи само со преземање на Донбас.

Според нејзините изјави за новинарите, пренесени од Ројтерс, Калас е категорична: „Мораме да разбереме дека ако го добие Донбас, тогаш тврдината паднала и тогаш дефинитивно ќе продолжи да ја презема цела Украина. Ако Украина си замине, тогаш и другите региони се во опасност.“

Во однос на следните чекори на ЕУ, Калас најави дека денеска ќе биде донесена одлука за нови санкции насочени кон руската „флота во сенка“.

Таа, исто така, со цврст став нагласи дека претстојниот самит на Европската Унија следната недела нема да заврши „без одлука за финансирање на Украина“. Ова покажува дека Брисел е решен да го обезбеди виталниот финансиски пакет за Киев.

Калас беше директна и кога зборуваше за безбедносните гаранции: тие мора да бидат „вистински војници“, а не само празни ветувања. Како доказ за досегашната поддршка, таа истакна дека ЕУ веќе испорача два милиони парчиња артилериска муниција на Украина само оваа година.

Работите се искомплицирани на финансискиот фронт. Калас признава дека работата околу репарациите на заемот за Украина станува сè потешка. Сепак, сè уште има „неколку дена за постигнување договор“.

Во овој контекст, таа особено ја нагласи важноста на Белгија да учествува во заемот за репарации, пренесе Танјуг. Влогот е огромен, а часовникот отчукува за да се обезбеди долгорочната финансиска стабилност на Украина.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг