Connect with us

Република

Коњановски: Пелистер заслужува врвно место – ќе обезбедиме силна поддршка и модерна инфраструктура

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денес им посака успешна сезона на фудбалерите и стручниот штаб на ФК Пелистер, по повод стартот на новата сезона и големиот јубилеј – 80 години од формирањето на клубот.

„Ова е посебна година за еден од нашите најтрадиционални клубови. Ни е исклучително важно јубилејот да биде проследен со нагорен раст и стабилност“, изјави Коњановски, кој во име на Општина Битола – единствениот акционер на клубот – се сретна со играчите и тренерскиот тим пред официјалните натпревари.

Градоначалникот истакна дека локалната самоуправа издвојува посебно внимание и буџет за спортскиот проект, потенцирајќи ја улогата на старата управа што го врати клубот во Првата лига и го стабилизираше. На новите членови на управниот одбор и бордот на директори им посака да продолжат по истиот пат – кон врвот на македонскиот фудбал.

„На тренерот Димитар Капинковски и неговиот стручен штаб им посакувам успешна сезона, а на фудбалерите – добро здравје и врвни спортски резултати“, рече Коњановски.

Тој најави и значителни инфраструктурни вложувања, вклучувајќи ја и реконструкцијата на градскиот стадион „Петар Милошевски“, за кој, како што нагласи, „наскоро ќе блесне“ и ќе стане современ спортски објект достоен за еден од најстарите македонски клубови.

Република

Шестоседот на Попова Шапка од денес повторно во функција

Жичницата шестосед на Ски центарот Попова Шапка од 26 декември, ќе биде отворена за прошетки и скијачки активности, соопштија од центарот. Сепак, за целосно уживање на ски-патеките се очекуваат свежи снежни врнежи кои ќе го овозможат официјалното отворање на зимската сезона.

„Со подобрување на условите, планираме официјално отворање на зимската сезона и со нетрпение очекуваме да ве пречекаме за сезона исполнета со спорт, забава и незаборавни искуства“, велат од Ски центарот Попова Шапка.

Климатските услови засега остануваат стабилни, но скијачката заедница со нетрпение ја очекува првата сериозна снежна покривка.

Continue Reading

Република

Тоневски: Ново кошаркарско игралиште за учениците во Злетово

Заврши асфалтирањето на кошаркарското игралиште во подрачното основно училиште „Кирил и Методиј“ во Злетово. Со овој зафат е создадена основата за целосно уредување на спортскиот простор кој ќе биде наменет за учениците и младите од населбата.

По стабилизирање на временските услови, предвидено е поставување мултифункционална спортска подлога, нови кошеви, клупи за одмор, како и уредување на пристапни патеки до теренот.

Проектот е финансиран од страна на ООУ „Браќа Миладиновци“, во соработка со Општина Пробиштип.

Градоначалникот Тони Тоневски истакна дека вложувањата во спортската инфраструктура се директна инвестиција во здравјето и правилниот развој на децата, нагласувајќи дека општината ќе продолжи со поддршка на вакви проекти во сите населени места.

Continue Reading

Република

Повеќе села во тетовско утре ќе останат без електрична енергија

evn

Поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа, утре (26 декември) без струја ќе останат делови од повеќе села во тетовскиот регион.

Според најавата, прекинот е планиран во периодот од 09:00 до 14:00 часот во селото Желино, и тоа објектите од центарот кон Горната џамија. Во истиот временски интервал без електрична енергија ќе бидат и делови од селото Гајре, особено објектите во близина на џамијата.

Во селото Ново Село (Желино) прекинот ќе трае од 09:00 до 14:30 часот и ќе ги опфати објектите на влезот во селото, кај училиштето, како и објектите кон горниот дел од селото.

Исто така, од 09:00 до 14:30 часот без струја ќе бидат и делови од селото Групчин, додека во селото Цепчиште прекинот е најавен од 09:00 до 14:00 часот.

Надлежните служби апелираат до граѓаните навремено да ги прилагодат своите обврски и да имаат разбирање додека траат планираните работи на мрежата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг