Connect with us

Република

Гужва на „Табановце“ – се чека по 40 минути за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива непречено, по суви коловози, но интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен поради летните одмори, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

На граничниот премин „Табановце“ времето на чекање за влез и за излез од државата изнесува околу 40 минути, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања.

АМСМ препорачува возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што постои опасност од појава на одрони. Најризични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Advertisement

Република

Невзат Бејта го отвори изборниот штаб во Гостивар: „Градот ќе се води чесно и транспарентно“

Коалицијата Вреди вчеравечер го отвори својот изборен штаб во Гостивар, со што официјално ја започна кампањата за повторените избори за градоначалник на 11 јануари.

Кандидатот на коалицијата, Невзат Бејта, пред присутните ги презентираше проектите од својата програма, со кои планира да ја добие довербата на граѓаните. „Имаме конкретни проекти за Гостивар во наредните четири години – отворање на главниот булевар, изградба на алтернативен пат што ќе ја поврзе Форино со Гостивар и со тоа ќе се намали сообраќајниот хаос, особено за време на доаѓањето на иселениците, и многу други“, истакна Бејта.

Во обраќањето, Бејта изнесе критики кон досегашната локална власт, обвинувајќи ја за злоупотреби и неефикасно работење: „Денес еден квадратен метар асфалт или бекатон чини од 100 до 200 евра, фирми блиски до власта добиваат стотици илјади евра, а работите не се извршени како што треба. Општинскиот долг е над 30 милиони евра, додека наплатата од комуналните такси и градежните дозволи изнесува околу 27 милиони евра за осум години, без јасна отчетност. На 11 јануари ќе се стави крај на оваа лоша пракса, ќе се врати чесната и транспарентна работа во служба на граѓаните, а секој кој злоупотребувал ќе сноси одговорност“.

Министерот за здравство, Азир Алиу, истакна дека Бејта има капацитет и менаџерски способности да води Гостивар и да донесе позитивни промени и подобри услови за граѓаните. На настанот говореше и претседателот на централниот штаб, Аднан Азизи, кој подвлече дека граѓаните заслужуваат стабилност и докажана рака, а не политички експерименти.

Локалниот изборен штаб на Вреди во Гостивар за повторените избори ќе го предводи Бахар Шабани.

Continue Reading

Република

Трговските објекти на Широк Сокак во Битола ќе работаат во недела и празници

Битола, продолжува да ја зацврстува својата позиција како врвна туристичка дестинација, нудејќи им на посетителите незаборавно искуство низ вековната историја и автентичната архитектура.
Култното шеталиште Широк Сокак, со својот уникатен спој на староградски шарм и модерна енергија, останува главната точка на интерес за секој турист.

За да се овозможи целосно уживање во убавините на градот, Општина Битола во соработка со Министерството за култура и туризам, а согласно законската регулатива, воведува новини кои дополнително ќе ја зголемат неговата привлечност и функционалност.

Со цел да се одговори на потребите на бројните туристички групи кои го посетуваат градот за време на викендите и празниците, се овозможува непречена работа на трговските објекти во најфреквентните зони, дефинирани како туристичко-културолошка атракција.

Ова значи дека сите трговски објекти лоцирани на Широк Сокак сега ќе можат да ги услужуваат посетителите и во недела и за време на празници, нудејќи им можност за купување и на автентични сувенири во секое време.

Оваа потреба е поддржана со законските регулативи и известувањата од Министерството за култура и туризам, според кои Широк Сокак и Старата битолска чаршија се дефинирани како значајни туристичко-културолошки атракции. Како дел од заштитеното старо градско јадро, овие локации имаат статус на туристички места од висок ранг, што овозможува исклучоци во трговската дејност во корист на развојот на локалниот туризам.

„Битола не е само град на историјата, туку и град кој живее за своите гости. Со овозможувањето на работата во недела и празници на Широк Сокак, се создаваат услови за комплетно туристичко доживување кое доликува на еден модерен европски центар.“

Преку овие чекори, Општина Битола ја потврдува својата посветеност кон промоција на културното наследство и создавање на гостопримлива средина која ги привлекува туристите од целиот свет, правејќи го секој престој во градот исполнет и содржаен.

Continue Reading

Република

Градоначалникот Проданоски ја донесе празничната радост во детските градинки во Прилеп

Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, ги посети најмалите жители на детските градинки „Наша иднина“.

Тој им подари новогодишни пакетчиња и заедно со децата се забавуваше, споделувајќи радост, насмевки и празнично расположение.

„Детските насмевки се најубавиот украс на овие празнични денови и потсетник зошто грижата за најмладите е секогаш на прво место“, истакна Проданоски.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг