Connect with us

Магазин

Дневен хороскоп за сабота – 23 август: Неочекувани радосни вести и многу позитивна енергија за еден хороскопски знак!

ОВЕН

Денес ве обвива вистинска радост, драги Овни. Ќе уживате во плодовите на сопствениот труд и ќе имате можност да се посветите на проекти што ви значат, без разлика дали се практични или не. Љубовта ќе процвета, а кругот на пријатели ќе се прошири. Вашата харизма денес е особено силна – сите ќе бидат привлечени кон вас. Искористете го ова инспиративно опкружување.

БИК

Високото ниво на самодоверба ќе ве следи низ целиот ден. Исполнети сте со ентузијазам и позитивна енергија. Успехот и среќата што ве придружуваат веќе извесно време остануваат цврсто на ваша страна. Сè што ќе започнете ќе биде успешно и ќе ви донесе и финансиски резултати. Искористете го овој продуктивен период!

БЛИЗНАЦИ

Денес ќе уживате во друштво на добри пријатели, каде и да се најдете. Радоста и исполнетоста ќе ве следат, а желбата да бидете надвор од домот ќе биде силна. Ќе ве привлечат спортски активности, особено оние во група. Можно е да доживеете ситни незгоди како кршење предмети, но тие нема да ви го нарушат доброто расположение.

РАК

Успехот и задоволството од последните месеци можеби малку ве оддалечиле од вашите духовни и уметнички интереси. Денес, пак, ве очекуваат пријатни изненадувања. Може да запознаете луѓе кои ги делат вашите страсти, а новите сознанија и разговори ќе ве инспирираат и поттикнат кон понатамошен развој.

ЛАВ

Откако ја добивте заслужената почит за својата работа, сега е време да се посветите и на личните желби. Ако негувате уметнички амбиции, вложете се целосно во нив. Пред вас се многу можности, а нема потреба од брзање. Уживајте во сопствената креативност и изразете ја вашата индивидуалност.

ДЕВИЦА

На крилјата на претходните успеси и финансиска стабилност, денес блескате со сигурност. Вашето друштво ќе биде привлечна дестинација за пријателите, а позитивната енергија околу вас ќе ви донесе многу радост. Можно е да доживеете ситни незгоди, но тие нема да остават последици. Ова е ден за уживање.

ВАГА

Сигурноста што ја чувствувате ве поттикнува да размислувате за нови деловни почетоци. Партнерството би било одлична идеја – ѕвездите ви испраќаат позитивна енергија. Ќе се зближите со најблиските, а новото чувство на самодоверба ќе ви отвори пат кон свежа животна енергија. Искористете ја.

ШКОРПИЈА

Неочекуваните финансиски добивки можат да ви разбудат идеи за проширување на деловни или креативни проекти. Можно е да размислувате и за инвестиции во недвижнини. Сепак, не брзајте со одлуките. Времето е на ваша страна – уживајте додека внимателно ги разгледувате опциите.

СТРЕЛЕЦ

Овој ден ви носи потреба да застанете и да размислите за сè што досега сте постигнале. Вашата кариера се движи во нагорна линија, а приватниот живот хармонично ја следи. Имате многу причини за благодарност – животот е убав и барем засега останува таков.

ЈАРЕЦ

Иако постигнавте значителен успех, сè уште не е време за целосно опуштање. Искористете го моментот и размислете како дополнително да го унапредите својот социјален и економски статус. Можно е да бидете подготвени за самостојна работа, а инспирација ќе најдете преку партнерот или блиска личност.

ВОДОЛИЈА

Пред вас е ден исполнет со случувања. Можно е да запознаете нови луѓе – соседи или деловни соработници. Ќе се отворат нови можности за работа, а постои и желба да инвестирате во домот. Денот ќе биде динамичен и исцрпувачки, но на крајот ќе ви донесе големо задоволство.

РИБИ

Неочекувани околности ќе ви донесат посетители и пријатна енергија во домот. Можно е да организирате собир или забава, па целиот ден ќе ви биде исполнет со активности. Иако ќе бидете зафатени, радоста и задоволството ќе надвладеат. Заслужувате да уживате во сопствената среќа.

Advertisement

Магазин

Со најновата песна „Една солза“, Наум Петрески повторно ја погодува публиката со секоја нота

naum petreski

Познатиот македонски фолк пејач Наум Петрески повторно го плени вниманието на публиката со својот најнов музички проект – синглот „Една солза“. Песната, премиерно објавена пред само еден ден, веднаш се наметна како емотивен хит, собирајќи илјадници прегледи и позитивни реакции на социјалните мрежи.

Музиката, текстот и аранжманот на „Една солза“ се потпишани од Јован Василевски, кој со својата внимателно скроена композиција создава современа, а сепак интимна атмосфера. Реализацијата на проектот се одвиваше во студио D1, а во продукцијата учествуваа и врвни македонски музичари: Димитар Михајлоски на виолина и Гоце Симоновски на гитара и бас, кои создадоа богат и пленителен инструментален аранжман што совршено го истакнува вокалниот израз на Петрески.

Вокалот на Наум Петрески и овојпат носи искреност и зрелост, пренесувајќи длабока емоција што директно допира до слушателот. „Една солза“ е уште едно потврдување за континуираната уметничка посветеност и продуктивност на пејачот, кој со долгогодишната кариера во македонската фолк сцена се издигнува како еден од највлијателните и најомилените изведувачи.

Continue Reading

Магазин

Најскапиот град на светот: Зошто богатството не значи среќа за жителите

seul

Општо е познато дека животот во големите градови е поскап, особено кога станува збор за кирија и домување. Но, понекогаш дури и самото излегување од дома може сериозно да ја погодне домашната каса

Редакцијата на „Тајм аут“ секоја година анктира десетици илјади жители низ целиот свет за да ја состави својата листа на најдобрите градови за живот. Иако квалитетот на ноќниот живот, гастрономијата и културните настани се важни, пристапноста – односно колку едноставно и евтино граѓаните можат да уживаат во секојдневните забави — е клучен фактор.

Во истражувањето, жителите на повеќе од 100 градови ги оценувале трошоците за одење во ресторани, кино, кафулиња, галерии и музеи, театар или стендап, концерти, барови и вечерни излегувања. Податоците покажаа кои градови навистина ги „трошат џебовите“ на своите жители и кои градови нудат забава што не ја празни сметката.

На врвот на листата на најскапи градови за излегување се најде Сеул. Само 30% од жителите сметаат дека оброк во ресторан е достапен, а само 21% сметаат дека вечерното излегување не ги оптоварува финансиските можности. Пијалакот во бар, пак, е евтин само за 27% од жителите.

Не е изненадување што Осло се појавува меѓу најскапите градови – главниот град на Норвешка традиционално важи за скап, особено кога станува збор за ресторани. Според анкетата, само 24% од Ословците сметаат дека оброкот во ресторан е финансиски прифатлив.

На листата се најдоа и Лондон, Сиднеј и Лос Анџелес, кои повторно се поклопуваат со извештајот на „Хенли енд партнерс“ за најскапи градови во светот. Лондон е прогласен за најскап град за ноќно излегување – само 16% од луѓето сметаат дека тоа е пристапно. Меѓутоа, британската престолнина го заслужува признанието за култура: 83% од лондончаните оцениле дека уметноста и културните настани во нивниот град се евтини или бесплатни.

На спротивната страна се наоѓаат Меделин и Богота во Колумбија, градови каде што локалното население ги смета излегувањата за многу пристапни. Во Меделин, 89% од жителите сметаат дека одењето во ресторан е евтино, 83% велат истото за пијалак во бар, а 94% дека кафето е достапно.

Изненадување за многумина е присуството на два големи кинески градови на листата на поволни дестинации. Пекинг и Шангај се истакнуваат по тоа што одењето во театар не е голем трошок – тоа го потврдуваат 73% од Пекинжани и 72% од Шангајци.

Единствениот американски претставник меѓу поволните градови е Њу Орлеанс, кој добива високи оценки за концерти во живо и пијалаци во барови.

Важно е да се потенцира дека истражувањето на „Тајм аут“ се концентрира исклучиво на трошоците за забава и излегувања, без да ги вклучи киријата, домувањето или секојдневните прехранбени трошоци.

Најскапи за излегување: Сеул, Истанбул, Осло, Стокхолм, Кјото, Атина, Сиднеј, Окланд, Минхен, Бризбејн, Лос Анџелес, Сингапур, Лондон, Ванкувер, Мајами.

Најповолни за излегување: Меделин, Богота, Пекинг, Њу Орлеанс, Наполи, Ханој, Чианг Мај, Шангај, Лима, Џакарта, Јоханесбург, Бангкок, Абу Даби, Сантијаго, Кејптаун.

Continue Reading

Магазин

Рим воведува наплата на билети за една од своите најголеми атракции

Градските власти во Рим размислуваат за воведување наплата за посетите на една од најпознатите туристички атракции во градот – Фонтаната Треви, поради сè поголемиот број туристи и проблемите со пренатрупаност во централното градско подрачје.

Фонтаната Треви, сместена во истоимениот кварт, со децении е симбол на Рим и место каде посетителите традиционално фрлаат парички за среќа. Обичајот стана светски познат по филмот „Три парички во фонтаната“, а според проценките, од фонтаната дневно се собираат околу 2.800 евра, односно повеќе од 900.000 евра годишно. Собраните средства се донираат на католичка добротворна организација.

Во првата половина од 2025 година, повеќе од 5,3 милиони туристи ја посетиле Фонтаната Треви, што предизвика бројни поплаки за преголеми гужви, долги редици и појава на џепчии. Како одговор на состојбата, од јануари се планира воведување два одделни влеза – еден за жителите на Рим и еден за туристите.

Италијанските медиуми објавија дека се разгледува можност од 7 јануари туристите да плаќаат билет од две евра за посета на фонтаната, што, според неофицијални проценки, би можело да донесе значителни приходи во градскиот буџет. Сепак, Градскиот совет на Рим соопшти дека засега нема конечна одлука и дека станува збор само за опција која е предмет на анализа.

Фонтаната Треви е доцнобарокно архитектонско дело, изградена во 18 век, со ширина од 20 и висина од 26 метри, и претставува најголемата фонтана во градот. Таа неодамна беше прогласена за една од најдобрите туристички атракции според изборот на патниците за 2025 година.

Поради пренатрупаноста, од минатата година бројот на посетители е ограничен на максимум 400 лица во исто време, а воведен е и систем за организирано чекање во ред. И покрај тоа, гужвите остануваат сериозен проблем, а не е јасно дали евентуалната наплата на билети ќе придонесе за негово решавање, со оглед на континуираниот раст на туризмот во Рим.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг