Connect with us

Инфо +

Поcебни мерки 3а 3аштита на државниот врв 3а утрешниот пpoтеcт 3а „Монcтpyм“

Published

on

Во Скопје утре посебен режим на сообраќај поради протестот за Монструм.

Пред и за време на утрешниот протест што ќе биде организиран во Скопје поради изречените максимални казни за обвинетите во „Монструм”, од безбедносни извори се дознава дека се подготвуваат посебни мерки за заштита на јавниот ред, но и мерки на обезбедување – изолација на државните функционери – премиерот, претседателот на државата и на неколкумина министри и лица од одредени институции. Од организациониот одбор на протестот велат дека протестниот марш ќе тргне од паркот во Чаир и ќе се протестира пред Судот, а потоа и пред Владата.

Бедри Ајдари, роднина на еден од осудените лица во судскиот процес „Монструм” потврди дека за утре е закажен протест во Скопје од кој ќе се изрази незадоволство поради осудителните пресуди на крајот од повтореното судење за убиството на четирите момчиња и рибарот крај Смилковското Езеро. Протестот е заради тоа што се работи за монтиран судски процес, вели Ајдари.

На неговиот фејсбук профил е објавена фотографија, како плакат за протестот проследена со следниот текст: „Сите објави за протестни повици кои се слични на овој текст се прифатливи и точни информации, останатото е дезинформација”.

А, на плакатот е наведено дека протестниот марш ќе започне по петочната молитва во џамиите, во 13.30 часот кога ќе се тргне од паркот во населбата Чаир кон Судот, а потоа и кон Владата.

Пред два дена, по изрекувањето на пресудата, Ајдари повика на протест упатувајќи порака и до државните водачи да поддржат процес на „регулирање на македонскиот правен систем”.

„Ова не е правна држава и нема правен систем. Ќе протестираме во петок и ова е еден вид на војна. Тука сме и ќе се бориме, какви нѝ се средствата, така ќе дејствуваме”, изјави Ајдари по изрекувањето на пресудата.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека протестот е најавен и повторуваат дека е во согласност со состојбите на терен и ќе бидат преземани соодветни мерки.


Од 13 часот затворени за сообраќај ќе бидат улиците: „Христијан Тодоровски-Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, булеварите „Крсте Мисирков“ и „ Гоце Делчев“, улиците „11-ти Октомври“ и „Васил Главинов“, булеварите „ВМРО“ и „Илинден“ и други околни сообраќајници. Улиците ќе бидат затворени за сообраќај се до завршување на протестот.

Од МВР информираат дека протестот е најавен за 13 часот, а ќе почне во парк Чаир на булевар „Христијан Тодоровски-Карпош“, а ќе продолжи кон Основен суд Скопје 1, на бул. „Гоце Делчев“, Собранието на ул. „11-ти Октомври“ и Владата на булевар „Илинден“.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Македонија

ФРЛЕНА БОМБА ПРЕД КУЌА Експлозијата предизвика штета, среќа нема повредени

Published

on

Полицијата веднаш презела мерки за расчистување на настанот, а во моментов се во тек активности за идентификување на сторителот и расветлување на мотивите за нападот.

Засега непознато лице вчера околу 19:30 часот, во Прилеп, на улицата Поп Аврамија, фрлило експлозивна направа пред куќа и патничко моторно возило „пежо 207″ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на 21-годишниот С.Л. од Прилеп. При инцидентот дошло до експлозија, но за среќа нема повредени лица.

Полицијата веднаш презела мерки за расчистување на настанот, а во моментов се во тек активности за идентификување на сторителот и расветлување на мотивите за нападот.

Continue Reading

Македонија

Малолетник нападнат од разбојници во домот каде живеел

Published

on

На 22.12.2024 околу 10.00 часот во СВР Скопје, Р.А.(65) од Скопје пријавила дека околу 06.45 часот во станот на подрачје на Гази Баба, каде што живеее како потстанар со нејзиниот малолетен внук, две лица со употреба на сила влегле во станот, физички и со метален предмет го нападнале внукот и им одзеле пари, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Скопје

Почина возачот од ЈСП кој алармираше за неисправни автобуси по несреќата кај Мавровка

Published

on

Февзи Арифи, возач во ЈСП кој го привлече вниманието на јавноста поради несреќата што се случи во јули кај трговскиот центар „Мавровка“, почина. Несреќата, во која автобус удри во жардиниера, остави трага врз Арифи, кој јавно проговори дека се возат неисправни автобуси.

Неговите колеги го опишуваат како посветен професионалец кој бил под огромен стрес по несреќата. Според нив, обвинувањата дека тој е виновен за настанот му предизвикале голема траума. Ова е потврдено и преку неговата емотивна изјава дадена пред базата на ЈСП, каде што детално раскажа за моментите од несреќата и за условите во кои работат возачите.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк