Connect with us

Магазин

Дојди во светот на твојата омилена содржина со Samsung Vision AI

Со Samsung телевизорите можеш да се грижиш за твоето милениче, да го направиш домот попаметен и поудобен, да ги заштитиш твоите податоци и да добиеш подарок – комплетно бесплатен Galaxy таблет.

Искуства од први редови

Новата Samsung линија¹ телевизори за 2025 година со водечките модели Neo QLED 8K, OLED и Neo QLED, The Frame и The Frame Pro, заедно со унапредената OLED Glare-Free технологија и Vision AI – ги претвораат екраните во центар на паметни решенија што го подигаат твоето секојдневие на повисоко ниво. Vision AI револуционизира што можат да прават екраните, односно поедноставува, надградува и овозможува повеќе во твоето секојдневие². AI Picture ја подобрува резолуцијата за неверојатна острина и детали, AI Sound го усогласува звукот нудејќи кристално јасни дијалози и моќен амбиентален звук, а AI Optimization автоматски ги прилагодува поставките според содржината и околината³. Благодарение на Quantum Dot технологијата, боите на Samsung QLED телевизорите се поинтензивни и почисти, без кадмиум и со TUV сертификат за ниска емисија⁴ на сина светлина.

Поврзан живот – поедноставен и заштитен со SmartThings и Knox
Со SmartThings можеш да создадеш дом со вештачка интелигенција што ја прави секојдневната рутина поудобна и се грижи за твоите најблиски. Животот дома станува полесен, се заштедува време и енергија, а истовремено твоите податоци се сигурни. Можеш да бидеш спокоен благодарение на најсовремениот безбедносен систем Samsung Knox. Осетливите податоци, како лозинки, се заштитени, поврзаните уреди се следат, а сомнителните активности автоматски се блокираат⁵.

Грижа за твоето милениче
Samsung Vision AI отвора нови SmartThings можности кои го подобруваат секојдневието. На пример, со SmartThings Pet Care можеш да останеш поврзан со твоето милениче, каде и да си, и да имаш мир на умот кога не си дома. Можеш да го провериш твоето куче во секое време, да добиеш известувања за необично однесување и да управуваш со уредите за да му овозможиш удобност додека си отсутен. Твојот ТВ може да биде асистент за чување миленичиња – препознава звуци како лаење и автоматски пушта омилена содржина на миленичето за да го смири. Кога твојот верен пријател има потреба, помошта е само еден клик⁶ далеку.

Back to School со ексклузивен подарок – Galaxy таблет
Со оглед на тоа што новата учебна година веќе започна, Samsung нуди дополнителна поддршка за ученици, семејства, професионалци и љубители на технологија. Во тек е акцијата „Back to School“, која трае до 30 септември 2025 година и носи бесплатен таблет за купувачите на Samsung телевизори. При купување избрани 75″ или поголеми Neo QLED 8K, Neo QLED 4K и OLED телевизори, корисниците добиваат Galaxy Tab S10 FE, додека при купување 65″ или поголеми Neo QLED 4K, QLED телевизори, The Frame и The Frame Pro добиваат Galaxy Tab A9+. Дополнително, со купување на 65″ Neo QLED 8K и OLED телевизор исто така следува подарок таблет.

За повеќе информации посетете ја страницата http://www.samsung.com/mk.

Advertisement

Магазин

Како се купува луксузна куќа за една ноќ: Поранешна задругарка откри колку заработува

Поранешната учесничка во ријалити шоуа и популарна ТикТокерка, Маријана Зоњиќ, повторно го привлече вниманието на јавноста, откако преку социјалните мрежи го покажа својот дом во Подгорица, подготвен за дочекот на Новата година.

Иако веќе не е дел од ријалити програмите, Зоњиќ останува во фокусот поради нејзиниот бурен јавен живот, но и поради активностите на социјалните мрежи. Таа неодамна се породи, а сега со следбениците сподели како ја украсила куќата во празничен дух.

Дворот е декориран со светлечки украси, ирваси и санки, додека на терасата доминира новогодишна елка и светла во форма на ѕвезди. Во видеата што ги објави, во позадина се забележува и автомобил со висока пазарна вредност.

Маријана претходно јавно зборуваше за својата финансиска трансформација, објаснувајќи дека значителен дел од средствата ги заработила преку содржини на ТикТок. Таа изјави дека во одредени периоди остварувала високи дневни приходи, кои ги вложувала во купување и уредување на домот, автомобил и други инвестиции.

Со своите објави, Зоњиќ и понатаму предизвикува реакции и интерес кај публиката, покажувајќи дека по излегувањето од ријалити сцената, фокусот го насочила кон онлајн кариера и семејниот живот.

Continue Reading

Магазин

Банкарска драма: 15.000 евра уништени поради необична навика за чување пари

Вистинска драма се случи во банкарски клон во Горна Орјаховица, Бугарија, кога околу 30.000 лева (околу 15.000 евра) изгореа во главниот сеф поради необичен инцидент со нафталин.

Сè започнало кога возрасен маж донел во банката свои заштеди од околу 4.000 лева, со цел тие автоматски да се конвертираат во евра по Нова година. Парите претходно ги чувал во домашен гардеробер, посипани со нафталин за заштита од молци. На банкнотите имало кристали од хемикалијата, која е лесно запалива.

При броењето на парите машината најверојатно предизвикала испарување на нафталинот во воздухот, кој потоа влегол во климатизацијата и со искра предизвикал тлеење во касата. Откако вратата на сефот била отворена, внесениот кислород го разгорел пламенот.

Билансот од инцидентот е:

Изгорени: околу 30.000 лева. Спасени: околу 170.000 лева кои останале во трезорот.

Пожарникарите брзо го изгаснале огнот и нема повредени вработени. Добрата вест за пензионерот е дека неговите 4.000 лева се веќе евидентирани и префрлени на сметката, а изгорените пари биле осигурани.

Continue Reading

Магазин

Храна што топи масти додека спиете: Откријте кои намирници го активираат вашиот метаболизам ноќе

jajce

За многумина, идејата да легнат со празен стомак е неподнослива. Но, добрата вест е дека постојат намирници и пијалаци што можете да ги консумирате навечер, а кои не само што нема да го забават метаболизмот, туку можат да помогнат и во согорувањето на мастите.

Според Сахар Бургис, медицинска сестра, по 45-тата година метаболизмот се успорува, но со правилен избор на храна пред спиење и здрави дневни навики, како стабилизирање на шеќерот во крвта, подобрување на варењето и намалување на воспалението, вечерната ужина може да стане вистински сојузник во губењето тежина.

Чај од цимет и кардамон
Ароматичниот спој на цимет и кардамон не е само уживање за сетилата. Циметот помага да се одржи стабилен шеќерот во крвта, а во комбинација со кардамон, тој ја смирува нервната система и го поттикнува релаксирачкиот ефект пред спиење. Овој чај не е чудотворен, но е одличен партнер во процесот на согорување на мастите.

Тврдо варено јајце
Јајцата отсекогаш биле сметани за суперхрана, а навечер стануваат идеална ужина. Едно тврдо варено јајце обезбедува протеини со бавно варење кои ја одржуваат ситоста, ја стабилизираат енергијата и го штитат мускулното ткиво додека спиете.

Чај од глуварче и цикорија
Овој билен чај е совршен за вечерна релаксација. Глуварчето помага во варењето, го поттикнува исфрлањето на вишокот течности и ја регулира нивото на шеќер во крвта. Во комбинација со цикоријата, создава смирувачки пијалак кој го поттикнува губењето тежина, додека вие одмарате.

Со вистински избор на вечерна ужина, наместо чувство на вина, можете да уживате во помошта што телото ја добива за согорување на мастите. Некои навики навистина може да ја претворат ноќта во вашиот таен сојузник за здрава тежина.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг