Connect with us

Економија

ШТО ДОБИВА, А ШТО ГУБИ КОРИСНИК НА КРЕДИТ СО ПОМАЛО УЧЕСТВО ЗА КУПУВАЊЕ ПРВ СТАН?

За првпат македонските граѓани добија можност да купат стан или куќа на кредит со само 10 насто учество. Со оваа мерка Народната банка сака да ги зголеми можностите, особено на младите, да си купат свој дом на кредит без потреба да располагаат со многу свои пари за сопствено учество. Ако досега требаше да располагаат во готово со 15 до 25 насто од вкупната цена на станот, сега е доволно да имаат само една десетина од парите, а другите да ги обезбедат со станбен кредит.

Дали оваа нова математика ќе им одговара на граѓаните што сакаат за првпат во својот живот да си купат свој дом? Одговорот зависи од тоа што сакаат да добијат, a што се подготвени да изгубат во моментот или на долг рок.

Порталот Пари направи пресметка на ратите за купување стан со учество од 10 и од 20 проценти.

Помало учество при купување стан на кредит значи поголема месечна рата, а поголема месечна рата значи поголеми трошоци за станбениот кредит. На пример, нов стан од 60 метри квадратни во Скопје, според актуелните цени, чини 114.000 евра, ако се земе за просек 1.900 евра за метар квадратен.

Ако за овој стан се земе станбен кредит од една од деловните банки во земјава со рок на отплата од 30 години и со учество од 10 насто, односно со 11.400 евра, кои купувачот веќе треба да ги има како лични пари, еве што покажува кредитниот калкулатор на банката.

Месечната рата во првите пет години со фикcна каматна стапка ќе биде 432,57 евра, а во останатите 25 години, кога каматната стапка ќе биде подложна на промени, според сегашните услови месечно ратата ќе изнесува 507,02 евра.По 30 години само за месечни рати корисникот на кредитот ќе ѝ врати на банката приближно 178.060 евра.

Ако, пак, го земе кредитот според досегашните услови, односно со учество од 20 насто, еве колку ќе изнесуваат неговите трошоци. Во првите пет години ќе плаќа месечна рата од 384,50 евра, а во следните 25 години рата од 450,69 евра. По 30 години по основ на кредитни обврски ќе врати околу 158.300 евра.

Целиот текст може да го прочитате на pari.com.mk

Advertisement

Економија

НЕВОБИЧАЕН ФЕНОМЕН ВО ЈАДРАНОТ: Масовна појава на виолетови морски ежови кај Трст ги изненади научниците

Истражувачите во Јадранското Море регистрираа необична појава што досега не била забележана во овој обем. Во близина на Трст е откриена голема концентрација на виолетови морски ежови, и тоа на подрачје кое не се смета за нивно типично живеалиште.

Според научниците, ваквата слика е изненадувачка бидејќи на карпестото морско дно вообичаено доминира друг вид морски еж, додека виолетовите единки таму речиси и не се среќаваат. Овојпат, нивниот број бил значително поголем, а присуството на вообичаениот вид било минимално.

Стручњаците посочуваат дека објаснувањето може да се бара во животниот циклус на овие морски организми. Истражувањата укажуваат дека во одредени фази од животот тие мигрираат, најчесто поттикнати од промени во исхраната. Додека младите единки се хранат претежно со варовнички алги на песочно дно, повозрасните се префрлаат кон карпести подрачја богати со макроалги и растителни остатоци.

Дополнително, научниците не ја исклучуваат можноста дека зголемената достапност на кафени алги во овој дел од Јадранот создала идеални услови за собирање на голем број возрасни единки на едно место.

Иако сцената е необична, истражувачите нагласуваат дека природата ретко прави нешто без причина, а во овој случај, најверојатниот одговор се крие во храната и промените во морскиот екосистем.

Continue Reading

Економија

МБИ10 со пад од 0,32%, без активности на обврзничкиот пазар

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

На трговската сесија од 18 декември 2025 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,32%, спуштајќи се на 10.091,56 поени, додека индексот ОМБ остана непроменет на 129,44 поени. Вкупниот дневен промет изнесуваше 13,06 милиони денари, при што најголем дел од тргувањето беше концентриран кај Комерцијална банка, Алкалоид и Македонски Телеком, кои ја предводеа пазарната активност .

Најтргувани хартии од вредност

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 3.913.370 денари

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 3.091.460 денари

● НЛБ Банка АД Скопје (NLB) – 1.812.170 денари

Топ добитници

● АЛТА Банка АД Битола (ALTA) +2,83%

● ОКТА АД Скопје (OKTA) +2,04%

● Адинг АД Скопје (ADIN) +0,04%

Топ губитници

● РЖ Услуги АД Скопје (RZU) –8,16%

● Гранит АД Скопје (GRN) –1,59%

● НЛБ Банка АД Скопје (NLB) –0,85%

Обврзнички пазар

Во текот на денешната сесија не беа реализирани трансакции со државни или корпоративни обврзници. Сите државни обврзници останаа со непроменети цени, а индексот ОМБ се задржа на 129,44 поени.

Тргувањето на Македонската берза на 18 декември 2025 година се одвиваше во умерена атмосфера, со вкупен промет од 13,06 милиони денари и пад на индексот МБИ10 за 0,32%. Комерцијална банка, Алкалоид и Македонски Телеком беа најликвидните хартии на денот. Најголем добитник беше АЛТА Банка, додека РЖ Услуги и Гранит го предводеа негативното движење. Обврзничкиот пазар остана без активности, со стабилни котации и непроменет индекс ОМБ.

 

Continue Reading

Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на дизел горивата и на мазутот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 71 денар за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава 73 денари. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и понатаму ќе чини 66,5 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинството (ЕЛ-1) 65,5 денари, а Мазут М-1 НС 32,635 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување  кај бензините во просек за 6,021 отсто, кај дизелот за 3,929, кај екстра лесното масло за 3,168 и кај мазутот за 0,401 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,6378 отсто.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг