Connect with us

Инфо +

Медицинcка cеcтра зела 300 евра од пациeнт, половина ги дала на докторите

Published

on

Од Обвинителство информираат дека поднеле Обвинителен предлог за медицинска сестра за мито, односно за кривичното дело – Примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетата, на возраст од 54 години, во периодот од 23 до 28.09.2020 година, како медицинска сестра на Универзитетската клиника за ортопедија при ЈЗУ ТОАРИЛ УЦ, од синот на пациентка која требало да се оперира побарала 300 евра, бонбониера и пијалок, наводно како награда за докторите што ја извршиле операцијата. Наградата ја побарала со порака испратена до член на семејството на пациентката.

Откако и биле дадени 300 евра, таа 150 евра задржала за себе, а ќесата со останатите 150 евра, бонбониерата и пијалокот ја предала на двајцата доктори, без да им каже зошто им ги дава. Кога докторите виделе што има во ќесата, настанот го пријавиле во полиција.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за опеределување мерки на претпазливост за обвинетата – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето и забрана за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, информираат од Обвинителството.

Македонија

Ѓорѓиевски: Проблемите ќе се решаваат на маса, со конструктивна комуникација помеѓу институциите

Published

on

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека со добра волја и соработка помеѓу институциите ќе се најдат прифатливи решенија за граѓаните. На денешната средба во просториите на ЗЕЛС, заедно со министерот за земјоделие Цветан Трипуновски и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, се зацртаа правците за решавање на актуелните проблеми со водоснабдувањето и манганот во водата во Струмица. Ѓорѓиевски додаде дека ЗЕЛС останува обединет и дека политиката ќе биде ставена настрана, при што приоритет остануваат потребите на граѓаните.

Договорено е формирање на комисија од научни институции која ќе ги следи состојбите на браната Турија и ќе ја анализира појавата на манган во водата. Исто така, општина Струмица ќе го сервисирате својот долг кон АД “Водостопанство” согласно утврдена динамика.

„Како претседател на ЗЕЛС, ќе се заложам за конструктивен дијалог и комуникација помеѓу институциите, така што проблемите ќе се решаваат на маса“, нагласи Ѓорѓиевски.

Continue Reading

Македонија

СОСТОЈБА ПОПЛАДНЕВО: Тетово високо загадено

Published

on

Податоците од мерните станици на Министерството за животна средина покажуваат дека попладнево најзагаден е воздухот во Тетово и Кавадарци. 

Во овие два града, воздухот е високо загаден. Гостивар, Кичево, Битола и делови од Скопје се со средно загаден воздух. Во другите градови, воздухот е ниско загаден или многу ниско загаден. Состојбата со квалитетот на воздухот варира од час во час. Деновиве, Скопје беше меѓу најзагадените градови во светот. 

Continue Reading

Македонија

Провалиле во штипската болница – украле лекови, ја зеле и камерата за видео надзор

Published

on

На 11.11.2024 во 07.41 часот во СВР Штип било пријавено дека во периодот од 08.11 до 11.11.2024 во објект во кругот на Клиничката болница Штип било влезено со употреба на сила и погоден алат и биле одземени повеќе шишиња и пакувања со лекови и камерата од ѕидот. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк