Connect with us

Република

Приведен возач во Штип, управувал возило под дејство на алкохол

Денеска (25.09.2025) во 01:08 часот во Штип, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Штип го лишија од слобода А.Т.(54) од Италија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал при што констатирале дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле констатирани 1,68 промили алкохол во крвта.

Тој веднаш е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Advertisement

Република

Повеќе села во тетовско утре ќе останат без електрична енергија

evn

Поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа, утре (26 декември) без струја ќе останат делови од повеќе села во тетовскиот регион.

Според најавата, прекинот е планиран во периодот од 09:00 до 14:00 часот во селото Желино, и тоа објектите од центарот кон Горната џамија. Во истиот временски интервал без електрична енергија ќе бидат и делови од селото Гајре, особено објектите во близина на џамијата.

Во селото Ново Село (Желино) прекинот ќе трае од 09:00 до 14:30 часот и ќе ги опфати објектите на влезот во селото, кај училиштето, како и објектите кон горниот дел од селото.

Исто така, од 09:00 до 14:30 часот без струја ќе бидат и делови од селото Групчин, додека во селото Цепчиште прекинот е најавен од 09:00 до 14:00 часот.

Надлежните служби апелираат до граѓаните навремено да ги прилагодат своите обврски и да имаат разбирање додека траат планираните работи на мрежата.

Continue Reading

Република

Костадиноски ги повикува дечињата на новогодишна бајка во Јегуновце

Општина Јегуновце ја најави традиционалната новогодишна програма за најмладите жители, која ќе се одржи оваа недела со почеток во 12:00 часот на плоштадот пред општинската зграда.

Градоначалникот Димитар Костадиноски истакна дека културно-забавната програма е наменета за дечињата, кои најмногу ја очекуваат магијата на новогодишните празници. На настанот ќе се појави и „Дедо Мраз“, кој ќе ги изненади најмладите со пригодни подароци.

„Дојдете да ги почувствуваме заедно првите празнични мигови, исполнети со радост и среќа за дечињата“, рече Костадиновски, повикувајќи ги граѓаните да учествуваат во заедничката празнична атмосфера.

Continue Reading

Република

Зимска магија во Малешевијата: Првиот снег во Пехчево

Пехчево и поширокиот регион на Малешевијата утрово се разбудија под снежна покривка, откако најавениот снежен бран ги донесе првите поголеми зимски врнежи во источниот дел од земјава. Снегот создаде вистинска зимска атмосфера, а жителите имаат можност да уживаат во зимската идила.

Според метеоролошката прогноза, денешниот ден ќе биде променливо облачен, со повремени локални врнежи од дожд, претежно во претпладневните часови во источните делови. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат во форма на снег.

Попладне се очекува постепен престанок на врнежите на целата територија, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, што ќе придонесе за почувствително заладување.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг