Connect with us

Инфо +

Најголемата грешка која ја прават луѓето при купување на нов автомобил ?

Published

on

Новиот автомобил секогаш ќе ве чини повеќе отколку што е наведено во истакнатата цена.

Поранешен продавач на автомобили и експерт за продажба, Мет Џонс, предупредува за голема грешка која купувачите ја прават при купување на ново возило.

„Луѓето се фокусираат на ратата која треба да ја плаќаат за автомобилот и забораваат да ги додадат други трошоци што доаѓаат со автомобилот, како гориво, одржување и поправки“, објаснува Џонс.

Цената за осигурување е исто така многу важна, особено ако купувате нов автомобил.

„Важно е при купувањето да ги согледате сите страни“, додава тој.

Особено не треба да се заборават „скриените“ цени кои доаѓаат со купувањето на автомобилот, како што се намалување на вредноста на возилото со текот на годините и зголемување на километражата, менување на маслото и замена на гумите и сопирачките.

Ако купувате од овластен дилер, многу е веројатно дека ќе ви понуди разни додатоци – од дополнителни гаранции до боја.

„Ќе ви бидат презентирани толку многу различни работи за кои ќе помислите дека треба да купите барем нешто од тоа. Треба да бидете подготвени за тоа. Ако сакате некои додатоци, тогаш купете, но ако не сакате нешто, тогаш е во ред да се каже „не“, заклучува Џонс.

Балкан

Обилните дождови предизвикаа големи поплави во Босна и Херцеговина, во некои места прогласена вонредна состојба

Published

on

Во Босна и Херцеговина најтешката ситуација се бележи во подрачјето на Сански Мост, каде што е прогласена состојба на елементарна непогода.

Поради дождовите кои не престануваат, многу улици во Бања Лука се под вода, а поплавени се и тротоарите. Во градот се поплавени и бројни гаражи, а најкритична е ситуацијата во населбата Лазарево, каде што водата ги зафати куќите, а во некои делови на населбата има отсечени домаќинства.

Поради покачувањето на водостојот на реката Врбас, затворен е сообраќајот над Трнски мост во Лакташ.

Исто така, поради наглото покачување на водостојот на реката Сава и нејзините притоки, која се излеала во неколку населени места, во Градишка е прогласена вонредна состојба. Во некои училишта во Градишка денеска е откажана наставата.

По наглото надоаѓање на реките Велика и Мала Усора, граѓаните во Теслиќ се соочуваат со проблеми од поројни дождови, а наставата во училиштата таму е прекината.

Во Босанска Крупа, реката Крушница и неколку потоци се излеале, поплавувајќи земјоделски површини и помошни објекти.

Continue Reading

Свет

Вонредна состојба во Мјанмар: Паѓаа облакодери и мостови, се појавија првите снимки (ВИДЕО)

Published

on

Воената хунта во Мјанмар прогласи „вонредна состојба“ во централниот дел на земјата, вклучувајќи ги вториот по големина град Мандалеј и главниот град Најпидау. Вонредната состојба беше прогласена и во Најпидау, кој е седиште на највисокото раководство на хунтата.

Новите извештаи од земјата посочуваат дека најмалку 10 лица загинале во уривањето на џамија во Мандалеј, која наводно се урнала за време на молитвата.

Покрај тоа, изворите известуваат дека се урнал и манастир во кој престојувале раселени лица во јужниот град Таунгу. Според очевидци, пет лица загинале, меѓу кои и деца, додека неколку лица се уште се заробени под урнатините.

Претходно на социјалната мрежа X беше споделено видео на кое се гледа како висококатница се урива. Би-Би-Си јави дека има околу 50 повредени, најмалку еден загинат и едно исчезнато лице.

Земјотресот што ја погоди земјата предизвика сериозни штети, поради што властите прогласија итна акција за крводарителство за да се справат со големиот број повредени. Властите апелираа до граѓаните да даруваат крв што е можно поскоро.

Воената хунта, која по државниот удар во февруари 2021 година е изолирана од меѓународната заедница, повика на итна меѓународна помош. Водачот на хунтата, Мин Аунг Хлаинг, ја посети болницата во Нејпидау, каде се наоѓаат многу од повредените, и изјави дека се потребни хуманитарни активности од страна на меѓународната заедница.

Иако властите не го објавија точниот број на жртви, апелот за помош од воената хунта сугерира дека земјата се соочува со катастрофални размери на штетата. Земјотресот бил почувствуван и во соседните земји, како што се Бангладеш, Индија, Тајланд, Лаос и Кина.

Continue Reading

Свет

Кога они се подготвуваат, тоа е лош знак: Оваа земја распоредува ракети и засилено гради засолништа

Published

on

Јапонија за прв пат објави план за евакуација на повеќе од 100.000 цивили од оддалечените острови во близина на Тајван во случај на конфликт во регионот, во услови на зголемени тензии помеѓу Пекинг и Тајпеј.

Според планот, ќе бидат мобилизирани бродови и авиони за евакуација на околу 110.000 жители и 10.000 туристи од пет острови во архипелагот Сакишима, кои се наоѓаат на крајниот југозапад на Јапонија.

Според информациите на новинската агенција Кјодо, евакуираните ќе бидат преместени во осум региони во југозападна и западна Јапонија во рок од шест дена.

Тие ќе патуваат со приватни фери бродови или авиони до островот Кјушу, еден од четирите главни острови на Јапонија, а потоа ќе бидат распоредени на различни локации за прием.

Јапонската влада најави дека планира да започне со спроведување на вежби за евакуација на островите Сакишима, кои административно припаѓаат на префектурата Окинава, почнувајќи од април следната година.

Можноста Кина да започне воена инвазија на Тајван, самоуправен остров што Пекинг го смета за своја територија и сака да го „обедини“ со остатокот од Кина, ја принуди Јапонија да ги засили безбедносните мерки на своите оддалечени острови, кои би можеле да бидат на првата линија во случај на конфликт. Во последните години, Кина го засили воениот притисок врз Тајван и не ја исклучи можноста за употреба на сила за воспоставување контрола над островот.

Јапонија се подготвува за можен конфликт

Јапонската влада исто така планира да распредели ракетни системи земја-воздух на островот Јонагуни, кој е на само 100 километри од Тајван. На островот се градат привремени подземни засолништа, опремени со храна и вода за две недели. Таму веќе е сместена база на јапонските сили за самоодбрана, известуваат јапонските медиуми.

Министерот за одбрана, генерал Накатани, во јануари изјави дека постои „силно чувство на загриженост“ кај населението на пограничните острови и додаде: „Сакам да направам сè што е во моја моќ за да ја одбранам нашата земја“, во интервју за дневниот весник Yomiuri Shimbun.

Иако Тајван не е директно спомнат во плановите, загриженоста дека островската демократија би можела да стане точка на конфликт се зголеми по руската инвазија на Украина во 2022 година и враќањето на надворешната политика „Америка на прво место“ од страна на Доналд Трамп. Некои локални власти ја доведуваат во прашање подготвеноста на Вашингтон да ги заштити Тајван и своите сојузници во регионот.

Плановите за евакуација привлекоа големо внимание во тајванските медиуми, каде многу коментатори ги поврзуваат потезите на Јапонија со зголемените тензии во Тајванскиот теснец и промената на односите со САД. „Се повеќе изгледа како да се подготвуваме за војна“, коментира еден читател. Друг додава: „Јапонците знаат дека Трамп нема да ги заштити. Дури и ако испратат оружје во Тајван, можеби нема да победат. Тие веќе сфатија како да се повлечат. Но, дали нашата влада знае како да го заштити својот народ?“

Претходно овој месец, јапонските медиуми објавија дека владата планира да распореди ракети со долг дострел на островот Кјушу, поради зголемената загриженост за ставот на администрацијата на Трамп за повоениот безбедносен договор меѓу САД и Јапонија, кој според кој Вашингтон е обврзан да ја брани Јапонија во случај на напад. Трамп го нарече договорот едностран, велејќи: „Имаме одлични односи со Јапонија, но имаме интересен договор – мораме да ги заштитиме, а тие не мора да не штитат нас“.

Главниот секретар на јапонскиот кабинет, Јошимаса Хајаши, изјави дека плановите за евакуација се изготвени „под претпоставка дека Јапонија може да се соочи со ситуација во која се можни вооружени напади“, објави Кјодо.

Окинава, која е домаќин на речиси 50.000 американски војници, може да игра клучна воена улога во случај на вонредна ситуација околу Тајван. Јапонија исто така е во спор со Кина за островите Сенкаку во Источното Кинеско Море – тоа се ненаселени острови со кои управува Токио, додека Кина ги бара под името Диаоју.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк