Connect with us

Инфо +

Дел од луѓето ќе мораат да ги вратат парите од скенираните сметки

Published

on

Техничка грешка на УЈП пријатно изненади дел од граѓаните. На сметките во банка два пати им биле префрлени пари од скенираните фискални сметки. Двојната исплата се однесува за сметки од последното тримесечје во 2020 година.

Некои од нив веднаш пријавиле во УЈП за грешката, но сѐ уште не знаат дали ќе треба да ги вратат парите или тие ќе им бидат одбиени во следната исплата по три месеци. Други, пак, молчат за двојната „среќа“ со која ги изненади државата. Никој од нив е сакаше да застане пред нашата камера.

„Два пати добив по 1 800 денари за едно тримесечје во рок од неколку дена. Пријавив во УЈП и ми рекоа дека ќе биде направена проверка и корекција. Но сѐ уште нема ништо“, вели еден граѓанин за нашата ТВ.

УЈП потврди дека имало двојна исплата по грешка и дека се истражува во ИТ секторот. Проблемот настанал при спроведување на налозите од страна на Управата и Министерството за финансии. Парите, велат даночниците, ќе мора да ѝ се вратат на државата. Нема податоци за која сума станува збор, ниту кај колку граѓани е направена ваква грешка.

„На граѓаните на кои им е извршена двојна уплата ќе им биде доставено известување на маил на која сметка може да го извршат враќањето на повеќе, погрешно уплатените средства. Доколку истите не постапат по известувањето во определен рок, Управата за јавни приходи ќе изврши службено задолжување за повеќе вратениот износ“. – велат од УЈП.

За месеците октомври, ноември и декември во текот на февруари годинава за скенирани сметки на граѓаните им биле вратени над 6 милиони евра. Биле скенирани 67 милиони фискални сметки, а вкупниот промет бил 33 милијарди денари. Максималниот износ за три месеци што може еден граѓанин да добие е 1 800 денари.

Свет

Војната ќе трае подолго од очекуваното? Украина планира центри за обука на граѓаните за герилска борба, во случај да има потреба

Published

on

Украина формира Центри за подготовка на граѓани за национален отпор

Владата на Украина одобри план за формирање на „Центри за подготовка на граѓани за национален отпор“, иницијатива развиена од Министерството за одбрана во соработка со Кабинетот на претседателот.

Целта на овие центри е да се зајакне отпорноста на населението и да се подготви за евентуално учество во одбраната, доколку дојде до натамошна ескалација на војната. Центрите ќе се отворат во сите украински области, како и во главниот град Киев.

Обуката ќе ја водат претежно ветерани на украинските вооружени сили, а поддршка ќе даваат активни војници од територијалната одбрана и специјалните единици. Практично, граѓаните ќе се обучуваат за потенцијални сценарија на герилска борба, во случај да се јави потреба за таков вид отпор.

Центрите ќе располагаат со обука опрема, симулатори, радио-врски и макети од оружје. Одлуката доаѓа во момент кога Украина сè повеќе се потпира на мобилизација на населението, што укажува дека губитоците на фронтот ја тераат државата да размислува за проширена одбрана преку народни одреди.

Се потсетува дека уште во првите денови од руската инвазија, украинските цивили покажаа отпор – од употреба на Молотови коктели до директни судири со руските сили. Во Киев тогаш дури се делеше оружје на граѓаните, со цел тие да ја бранат својата земја.

Снимките од Херсон, каде цивили се соочија со руската армија, говорат за одлучноста на народот, иако резултатите беа трагични. Подоцна, бунтовите преминаа во мирни демонстрации.

Фактот дека иницијативата доаѓа директно од Кабинетот на претседателот укажува на тоа колку сериозно ја сфаќа ситуацијата Владимир Зеленски. Очигледно, тој најдобро го познава моменталниот капацитет на својата армија.

Continue Reading

Балкан

Додик по обидот за апсење: Законите на БиХ повеќе нема да се спроведуваат во Р. Српска

Published

on

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, по денешниот обид за негово приведување излезе со остри изјави, нагласувајќи дека законите на Босна и Херцеговина повеќе нема да се применуваат на територијата на Република Српска, пренесе ХРТ.

Додик порача дека не се плаши од апсење и остро ги критикуваше Агенцијата за истраги и заштита (СИПА) и Судот на БиХ, нарекувајќи ги „окупаторска сила“ која, како што рече, нема да дозволи да делува во РС. „Ако мислат дека полицијата на Република Српска ќе се повлече, се лажат“, изјави Додик, додавајќи дека се чувствува доволно заштитен.

Тој истакна дека дојдено е време да се покаже кој навистина ги крши законите, а до инспекторите на СИПА упати порака дека „дури сега ќе видат што не можат да направат“.

Во своите изјави, Додик не застана тука – директно се закани и на високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, велејќи дека „сега ќе види како се приведува некој за лажно претставување“, обвинувајќи го Шмит за „криминално и фашистичко однесување“.

Претседателот на ентитетот дополнително алармираше со тврдења дека Шмит подготвува закон кој се однесува на статусот на државната сопственост во БиХ. Според Додик, ако таков закон навистина се донесе, Република Српска веднаш ќе прогласи отцепување од БиХ.

„Ќе се одделиме и ќе го браниме нашиот имот“, рече тој, повторувајќи ја реториката за самостојност на ентитетот.

Continue Reading

Свет

Полски министер со жестока критика до Путин: “Имате 11 временски зони, но и тоа не ви е доволно?”

Published

on

Полски министер за надворешни работи жестоко го критикува Путин: „Дали немате доволно земја?“

Полскиот министер за надворешни работи, Радек Сикорски, го искористи своето годишно обраќање во парламентот за жестоко да го критикува рускиот претседател Владимир Путин. Во својот говор, Сикорски го праша Путин: „Дали немате доволно земја?“

Оваа изјава следува по извештајот во медиумите дека Путин наводно понудил прекин на агресијата против Украина на постоечките борбени линии како дел од можното мировно решение, што го наговести потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс.

Полска е еден од најсилните сојузници на Украина, а Сикорски во својот говор директно го напаѓа Кремљ, велејќи: „Единаесет временски зони, а вие тоа не го сметате за доволно?“

Тој додава: „Посветете се на подобро управување со она што веќе го имате внатре во вашите граници, согласно со меѓународното право.“

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк