Connect with us

Спорт

Двajца cкопjaни со мajcтopcки тикети “затвopиja” две обложyвалници на “Спopт лајф” (Фото)

Published

on

Вчерашниот ден беше неверојатен за прогнозерите во Sport Life – Дебар Маало и Аеродром, a како резултат на освоениот фантастичен „Лаки бонус 888“ на добивката, кој може да достигне од 8% до 888% во зависност од бројот на одиграните натпревари на еден тикет со квоти од 1.30 или поголеми.

Прогнозерот во Sport Life во скопско Дебар Маало, кој уплатил 100 денари на тикетoт, со 18 погодени парови заработил дури 731.611 денари, со фатен бонус од 88%. Така, добивката му била удвоена со износот на бонусот од 342.456 денари.  За нето добивка од над 10.000 евра овој прогнозер на тикетот одиграл игри од фудбалски натпревари од Јужна Америка, од Лига Европа, од тениски мечеви и од кошаркарската НБА лига.

Вториот феноменален тикет кој вчера беше регистриран со збогатен бонус, е во Sport Life Аеродром.

Типстерот од скопски Аеродром одбрал од големиот избор на интересни игри кои ги има само во Sport Life – двојна шанса и голови, опсег на голови во прво и второ полувреме и сето тоа му се исплатело.

На овој тикет, уплатата била 200 денари, за добивка од 564.669 денари, од кои 41.827 денари се бонус, кој прогнозерот го заслужил со погодување на исходите на осумте меча од Лига Европа. Не само што бил исполнет условот за бонус, квотите да бидат над 1.30, туку на овој тикет најмалиот коефициент бил 1.80.

Македонски Фудбал

Џани Инфантино – претседател на ФИФА и Матиас Графстром – генерален секретар на ФИФА упатија писмо со честитка до Масар Омерагиќ

Published

on

Џани Инфантино, претседателот на Светската фудбалска Асоцијација (ФИФА) испрати писмо со честитки до Масар Омерагиќ за неговиот избор за претседател на Фудбалската федерација на Македонија. 

Во писмото со честитки, првиот човек на ФИФА вели дека е убеден во потенцијалот на нашиот фудбал и ја истакнува личната поддршка и отвореноста на Светската фудбалска Асоцијација за нашата „Куќа на фудбалот“. 

Почитуван претседателе, 

Прифатете ги моите најтопли поздрави и најискрени честитки за изборот за претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). 

Вашето знаење и лидерство, вашата страст и искуство несомнено ќе имаат важно влијание врз развојот на нашата прекрасна игра во Македонија. Убедени во потенцијалот на фудбалот во земјата, можете да сметате на мојата лична поддршка и на помошта на ФИФА за да ја постигнете оваа цел.

Вратите на ФИФА се секогаш отворени доколку сакате да разговарате за нашиот спорт, неговиот развој и промоција на неговите вредности. 

Ви посакувам вам и на вашиот тим многу среќа и успех во сите предизвици што претстојат, во создавањето и сведочењето на трајно наследство за иднината на фудбалот во Македонија. 

Со нетрпение очекувам да се видиме наскоро. Ти испраќам, почитуван претседателе,  најдобри желби за добро здравје и успех.

Фудбалски поздрав,

Џани Инфантино

ФИФА

Писмо со честитка за изборот на Масар Омерагиќ за претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) упати и Генералниот секретар на ФИФА, Матиас Графстром.

Првиот оперативец на Светската фудбалска Асоцијација во писмото со честитка до претседателот Омерагиќ ја истакнува подготвеноста на ФИФА за реализација на визијата на ФФМ под водство на новото раководство. 

Почитуван претседателе, почитуван господине Омерагиќ, 

Со големо задоволство ви упатувам најтопли честитки за вашиот избор за претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Со нетрпение очекувам да изградиме силна соработка со вас и вашиот тим и да работиме заедно на промовирање и развивање на фудбалска игра во Македонија и во Европа. Заедно со целиот тим на ФИФА, ние сме тука за вас и остануваме достапни да ви помогнеме да ја имплементирате вашата визија и преку нашите различни програми дополнително да ја зајакнеме играта на сите нивоа. 

Исто така, сакам да им честитам на членовите на Извршниот комитет покрај вас, чие искуство и посветеност ќе имаат суштинска улога во поддршката на вашите одлуки и раководењето во иднина на вашата федерација. 

Исто така, со нетрпение очекуваме да се сретнеме со вас во блиска иднина и да ви посакаме добредојде во нашето седиште.Сигурен сум дека ова ќе биде одлична можност дополнително да разговараме за нашите заеднички цели за развој на фудбалот и како можеме да ви помогнеме. 

Уште еднаш честитки за ова значајно достигнување. Ви посакуваме успех и остануваме посветени да ги поддржуваме вашите напори на секој чекор од патот. 

Фудбалски поздрав,

Матиас Графстром

Генерален секретар УЕФА

Continue Reading

Спорт

Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ

Published

on

На седницата, исто така, беше констатирана оставката од функцијата генерален секретар на Наталиа Илиевска Божиновска.

По завршувањето на вонредно изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), новиот претседател Масар Омерагиќ одржа состанок со членовите на Управниот одбор на федерацијата.

На состанокот, на предлог на Омерагиќ, членовите на Управниот одбор на ФФМ го избраа Марјан Стојкоски од ОФС Прилеп за потпретседател на Фудбалската федерација на Македонија на местото од досегашниот потпретседател, Лазар Ракиџиев.

На седницата, исто така, беше констатирана оставката од функцијата генерален секретар на Наталиа Илиевска Божиновска.

За в.д. генерален секретар во Фудбалската федерација на Македонија е назначен Дрилог Ганиу, досегашен заменик на првиот оперативец во „Куќа на фудбалот“.

На предлог на новиот претседател на ФФМ, македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции.

Еден од великаните на македонскиот фудбал, Илија Најдоски заедно со нашиот поранешен репрезентативец, Агим Ибраими се назначени за советници во кабинетот на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Continue Reading

Спорт

Благоја Милевски: Извлекувањето во Цирих ни носи надеж за добар пласман и борба за големо натпреварување

Published

on

Благоја Милевски, селектор на македонската А репрезентација, по извлекувањето на групите за квалификациите за Европското првенство 2024 изрази оптимизам за идните шанси на тимот. Според него, групата во која Македонија се најде носи надеж и можности за добар пласман, бидејќи репрезентациите против кои ќе играат се конкурентни, но и со кои имаат шанси за успех.

„Извлекувањето во Цирих ни носи надеж. Добивме група со репрезентации со кои може да играме и да се надеваме на добар пласман“, истакна Милевски. Тој додаде дека важно е репрезентацијата да продолжи со истиот пристап како и во последните натпревари од Лигата на нации, со силно мотивирани играчи, кои ќе влезат во квалификациите подготвени да се борат за резултати што ќе им отворат пат за евентуален пласман на големото натпреварување.

„За мене е важно ние да го задржиме истиот пристап како на последните натпревари од Лига на нации, силно мотивирани да влеземе во квалификациите и да одново да се бориме за резултат кој може да ни донесе можност за евентуален пласман на големо натпреварување“, додаде Милевски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк